Видео објавено од Инстаграм страницата „Подгорица Тајм Машин“ го прикажува поројот како носи сè на својот пат, вклучувајќи ги и автомобилите што биле паркирани таму, објави Телеграф.
Проблемот е што ова место во Будва е паркинг за неколку стотици автомобили, бидејќи нема друг во близина, иако во областа има голем број станбени единици.
Коритото на реката Грѓевица се користи како паркинг бидејќи нејзиното корито пресушува поголемиот дел од годината. Во таа област може да има и неколку стотици возила.
Извор: vecer.mk


