НАД 80 ВРЕДНИ НАОДИ ПРОНАЈДЕНИ НА ЛОКАЛИТЕТОТ РАСНИЦА СТРУШКО

November 8, 2024
2 mins read

Со археолошките истражувања на локалитетот Расница, во атарот на село Корошишта струшко, во рамките на гробната целина пронајдени се околу 80 вредни наоди од архајскиот период, шестиот век пред нашата ера. Оваа Архајска некропола по многу нешта наликува на познатата Требенишка некропола.

Денеска во Охрид пред јавноста беа презентирани само дел од предметите пронајдени со ископувањата како бронзен шлем со позлата, бронзен штит, килибарни и стаклени перли, сребрени игли, котел со постамент, златни прстени и фолии со различна форма и декорација.

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков на денешната прес-конференција кажа дека станува збор за наоди кои не само што се од посебно значење за научниот и културниот аспект на истражувањата туку ја надополнуваат и сликата за нашето познавање за културно-историските и општествени прилики во регионот. Тој е убеден дека тие ќе имаат позитивен ефект и врз туризмот и врз економијата во Македонија.

„Зачувувањето на нашето културно наследство не е само наша обврска туку и одговорност на идните генерации. Со овие откритија не само што го прошируваме нашиот историски контекст туку ја зацврстуваме нашата позиција како важен чинител на регионалната, балканската и европската археолошка сцена. Денеска сме сведоци на голем научно-истражувачки успех кој не само што фрала нови светла на архиелошката историја на Македонија туку преставува и значаен придонес во европското и светско археолошко наследство“, рече Љутков.

Раководителот на проектот, археологот Перо Арџанлиев вели дека вакви наоди се откриваат еднаш во векот и се нарекуваат епохални откритија.

„Ова е огромно откритие и по монументалноста на гробницата која по многу нешта ја надмина Требенишката некропола, а огромно е и по карактерот на наодите. Овој надградник, дел од златна рака и сите други останати наоди покажуваат дека покојникот кој е погребан таму и гробната архитектура, која е импозантна, 7 метри должина со 4,5 метри ширина, ги надминува досега сите познати архајски некрополи во Балканот. Дното на гробницата е на 5 метри“, вели Арџанлиев.

Тој објасни дека според контекстот во поглед на начинот на погребување и даровите кои му се ставени, покојникот бил член на елитата, фамилијата која владеела со овој простор.

Според директорот на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Охрид, Горан Патчев, со ваквите откритија се потенцира важноста на границите на универзалното исклучително природно и културно наследство распространето во охридско-струшкиот регион.

Славица Бабамова, директорка на Археолошкиот музеј од Скопје кој годинава одбележува 100 години од првото собирање на археолошки предмети на територијата на Македонија, кажа дека наодите ќе бидат конзервирани во Завод и Музеј Охрид, а изложени во Археолошкиот музеј. Доколку истражувањата продолжат со вакво темпо ќе биде потребен и нов Музеј на архајската култура во Македонија, смета Бабамова.

Локалитетот е откриен во 2020 година кога Шефид Шемшедини при извршување на земјоделски работи во атарот на село Корошишта струшко открил бронзен шлем кој потоа го предал во Завод и Музеј, Охрид. Во 2023 година тимот од Археолошкиот музеј во Скопје добива согласност од сопственикот на нивата за вршење археолошки истражувања.
Археолошките истражувачки дејности се дел од проектот Систематски археолошки истражувања на Архајската некропола Корошишта од Годишната програма на НУ Археолошки музеј, финансирана од Министерств за култура и туризам за 2024 година.

С. ВРЕНЦОВСКА

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Скопјанец украл „поло“ од битолчанка

Следно

Комеморација за Оливера Николова: Ни остави огромно дело што го освојува светот и сведочи за нас и нашата култура

Latest from Blog

Пезешкијан: Иран не бара војна, економскиот притисок има за цел да ја оцрни владата

Зборувајќи на состанокот со религиозните водачи и следбеници од различни вери по повод 47-годишнината од Исламската револуција, Пезешкијан нагласи дека Иран се стреми кон мир, единство и служба на народот. Тој истакна

Андоновски на Глобален дијалог во Будимпешта 2026: Стратешката соработка е клуч за градење отпорни системи во дигиталниот свет

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, еден од главните говорници на Budapest Global Dialogue 2026, истакна дека стратешката соработка меѓу државите и партнерите е суштинска за градење отпорни институции, стабилни демократии и

Зимски услови на државните патишта: Намалена видливост на планинските премини, внимателно возење

Државните патишта се сè уште под влијание на зимските услови. На планинскиот превој меѓу селото Лисец и Попова Шапка се забележуваат мали остатоци од снег кои се задржани на коловозот, додека на

Битола со 500 илјади денари ќе поддржи проекти на граѓански здруженија и фондации

Општина Битола го објави јавниот повик за доделување на финансиски средства од Буџетот на општина Битола на здруженија на граѓани и фондации за 2026 година. Распределбата на средствата за здруженијата/фондации од Буџетот
Go toTop