Ѓорѓиевски: 4.500 тони ѓубре собрано во Скопје

November 9, 2025
1 min read

Над 4 и пол илјади тони ѓубре е собрано во последните 72 часа, информираше вечерва новиот градоначалник на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски. Тој на прес конференција вечерва во 20 часот од плоштадот Македонија рече дека исчистени се сите микро локации, плоштадот „Македонија“, градскиот парк, „Жена парк“ и реката Вардар.

Ѓорѓиевски потенцираше дека во последните 72 часа изречени се и 40 казни и 70 опомени за физички и правни лица, бидејќи не се држеле до законските прописи. Тој најави дека во следниот период дека ќе има и нови контејнери за таму каде што недостасуваат.

„Граѓаните кои ќе бидат совесни ќе бидат наградувани, а за другите ќе биде спроведувана казнена политика“, додаде Ѓорѓиевски.

 

Чистењето во првите 72 часа од неговиот мандат беше меѓу првите акции кои тој ги најави уште за време на предизборната кампања.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Вин Дизел објави фотографија со Новак Ѓоковиќ: Честитики за мојот брат

Следно

Ѓорѓиевски: Не може поради два-три проценти несовесни граѓани постојано да биде казнуван целиот колектив

Latest from Blog

Ѓорѓиевски: Не може поради два-три проценти несовесни граѓани постојано да биде казнуван целиот колектив

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски апелира до граѓаните на совесно одлагање на отпадот, по акцијата за чистење што се спроведе во изминатите 72 часа, веднаш откако ја презеде градоначалничката функција. Порача дека
Go toTop