На повидок нормализација на јавниот превоз во Скопје

March 2, 2023
2 mins read

Градот Скопје и приватните автобуски превозници вчера постигнаа договор за надминување на неколкумесечниот спор. Претставници на приватните автобуски превозници информираа дека со постигнатиот договор заедно со новите јавни повици за автобуски превоз, ќе почне и исплатата на долгот што Јавното сообраќајно претпријатие „ Скопје“ го има кон нив.

Град Скопје, пак, соопшти дека согласно договорот ќе распише нов јавен повик за приватните превозници, со што конечно се очекува нормализирање на јавниот превоз во главниот град. Претставникот на новото координативно тело на приватните превозници, Јовица Зафировски, вчера информираше дека јавните повици за сите линии ќе бидат објават утре или најдоцна в понеделник.

– На тој јавен повик ќе се пријавиме сите, нема причина да не се пријавиме, условите ни одговараат. Очекуваме дека до 20 овој месец ќе почнеме со работа, изјави Зафировски, појаснувајќи дека ќе има три јавни повици, односно три пакети и ќе бидат опфатени сите линии, меѓутоа, со нова прераспределба. Конечно имаме договор со Градот Скопје, ги договоривме сите детали, од исплатата на долгот на ЈСП од 1,5 милиони евра, до пуштањето на јавните повици, изјави членот на приватните превозници.

Тој најави и дека градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска изразила подготвеност да ги субвенционира приватните превозници за замена на некои од застарените автобуси. Градот Скопје потврди дека ќе распише нов повик за вклучување на приватните превозници во јавниот превоз во главниот град, наспоменувајќи дека здруженијата на превозници „Слобода Превоз“ и „Макекспрес“ нема да може да учествуваат на повикот поради пречките кои произлегуваат од раскинатиот договор, кој предвидува забрана за учество на јавен повик доколку договорот биде раскинат пред истекот и по нивна вина.

– Јавниот повик ќе ги содржи условите за аплицирање, како и во претходните два јавни повици, со тоа што ќе може да аплицира секој превозник кој планира чесно и одговорно да се држи до договорот за јавен превоз, се вели во соопштението на Град Скопје, каде што исто така се информира дека долгот на ЈСП „Скопје“ кон приватните превозници ќе биде исплатен согласно потпишаните договори додека трае јавниот повик за нови договори за јавен превоз.

Приватни превозници протест блокади Спорот помеѓу Градот Скопје и приватните превозници започна во ноември минатата година кога превозниците од „Макекспрес“ и „Слобода превоз“ престанаа со вршење на своите услуги за превоз со образложение дека не им се исплатени договорените средства од страна на ЈСП и Градот.

Потоа следеше еднострано раскинување на договорите од страна на Град Скопје со образложение дека според договорот, ако превозниците не ја испорачуваат услугата, договорот автоматски се раскинува. Како одговор на раскинувањето на договорот, приватните превозници кон крајот на ноември и почетокот на декември, неколку пати протестираа со блокирање со автобуси на неколку клучни крстосници во главниот град, како и во околината на канцелариите на Град Скопје, барајќи да им се подмири долгот, кој, според нив, изнесува преку 90 милиони денари.

Приватни превозници протест блокади Тие автобуските блокади ги отстранија на 12 декември, со надеж за средба со претставници на Владата за решавање на проблемот, откако премиерот Димитар Ковачевски најави дека нема да преговара со нив се додека траат блокадите. Во меѓувреме, јавниот градски превоз се реализираше само со автобуси на ЈСП, а Градот Скопје објави два огласи за ангажирање на приватни превозници на кои не се пријави ниту една компанија.

 Настаните почнаа да се движат кон позитивен исход, откако кон крајот на јануари превозниците соопштија дека се дистанцираат од дотогашните раководства на „Макекспрес“ и „Слобода превоз“ и дека формирале ново координативно тело, а градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во интервју за МИА изрази подготвеност за надминување на проблемот со превозниците и за изнаоѓање решение со нив.

На вчерашниот договор, со којшто се очекува конечно нормализирање на јавниот превоз во Скопје, претходеше средба на новото координативно тело со градоначалничката Арсовска на почетокот на февруари, каде што засегнатите страни успеаја да ги доближат ставовите за решавање на проблемите. сх/сп/

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

ФА Куп: Гигантите од Манчестер се избегнаа

Следно

Мицотакис: Се чини дека несреќата во Грција се должи главно на трагична човечка грешка

Latest from Blog

Турчин со порака пред својот ресторан во Бар по нападите во Црна Гора- сѐ му запалиле и уништиле

Иако пожарот во рестораните беше брзо изгаснат, беше предизвикана значителна материјална штета. Денот по овие инциденти, жителите на Бар, странците, локалната самоуправа таму и бизнисмените се здружија за да им помогнат на

Демант од Телма: „Мециновиќ беше поканет, интервјуто го одби со благодарност“

Во интерес на вистината би сакале дапотенцираме дека Телевизија Телма има еднаков, доследен и професионален однос кон сите кандидати на локалните избори. Оваа наша реакција доаѓа по вечерашната објава на личниот ФБ

Литванија повторно го затвори аеродромот во Вилнус поради сомнителни балони

Литванскиот аеродром Вилнус беше привремено затворен во четврток поради балони кои летале во близина, соопшти аеродромот во објава на Фејсбук, што е шести ваков инцидент овој месец. Литванија е убедена дека балоните
Go toTop