На 27 мај ќе се полага државната матура, вели министерот Шаќири

May 12, 2023
1 min read

Ги поддржувам барањата, но мојот конечен став е дека државната матура ќе се реализира на 27 мај, како што е предвидено според рокот. Ако е потребно, од понеделник ќе испратиме и вработени од Министерството за образование и наука само за да се завршат работите, вели министерот за образование и наука

Државната матура ќе се полага на 27 мај, како што е предвидено, и покрај штрајкот на вработените во Државниот испитен центар (ДИЦ). Ова денеска уште еднаш го повтори министерот за образование и наука Јетон Шаќири.

„Ги поддржувам барањата, но мојот конечен став е дека државната матура ќе се реализира на 27 мај, како што е предвидено според рокот. Според податоците што јас ги добивам како министер, се прават сите подготовки да се полага државната матура. Ако е потребно, од понеделник ќе испратиме и вработени од Министерството за образование и наука само за да се завршат работите“,

рече Шаќири додавајќи дека тоа не е барање само од министерот туку и од средношколците.

Тој додаде дека ги поддржува барањата за повисоки плати на вработените во Државниот испитен центар, ама дека тоа не треба да се доведува во корелација со реализацијата на важните процеси како матурата и дека тие прашања треба да се решаваат системски.

„Ги поддржувам барањата, но треба да дојде момент за целосно нивно реализирање. Знаеме дека станува збор за мал број вработени, но причината е дека се чека системското решение со општиот колективен договор и потоа може да има дискусија помеѓу директорката на Државниот испитен центар и вработените за реализација на нивните барања“,

рече министерот Шаќири при неговата денешна посета на Кавадарци.

Денеска од Сојузот на средношколци, исто така, рекоа дека ги поддржуваат барањата на вработените во ДИЦ, но и велат дека одржувањето на државната матура е законска обврска и државата е должна да ја спроведе во законски предвидениот рок. И од Сојузот на средношколци велат дека според информациите со кои располагаат, најверојатно ќе се успее во напорот првиот екстерен испит да се полага на 27 мај, како што е планирано.

Од Сојузот на средношколци велат дека можното неодржување на државната матура најмногу ќе им наштети на матурантите кои планираат да студираат во странство, а според нивните анализи овој број изнесува 12 отсто од секоја една генерација.

Од ДИЦ вчера најавија дека продолжуваат со штрајкот и дека поради тоа во мирување ќе бидат сите процеси кои се во надлежност на Државниот испитен центар.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Ричард трети“ на Пројковски на Меѓународна театарска олимпијада во Унгарија

Следно

Иран го ослободи осудениот ирски државјанин Бернард Фелан

Latest from Blog

Коњановски со честитка за Кркрдаш: Да ги негуваме обичаите и заедништвото

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, упати честитка по повод празникот Св. 40 Маченици – Кркрдаш, истакнувајќи дека овој ден претставува важен дел од културното и духовното наследство на градот. „Кркрдаш е

Иран: Нашите нови тактики ќе ги шокираат САД и Израел

„Од овој момент, ја прогласувам ракетната доминација на синовите на Иран над небото на окупираните територии“, објави командантот Сејед Маџид Мусави на социјалната мрежа Икс. Тој додаде дека „новите тактики и системи
Go toTop