МЗ: Констатирани се неправилности во работата на Стоматолошката комора

August 11, 2025
1 min read

Во врска со денешната прес-конференција на Стоматолошката комора, Министерството за здравство уште еднаш потенцира дека одлуката е донесена врз основа на факти, аргументи и инклузивност во процесот на сите релевантни чинители. Одлуката е резултат на подолготрајна и сеопфатна анализа од повеќе стручни лица, се наведува во денешното соопштение на Министерството за здравство.

– Потсетуваме дека на овој процес претходеше времена мерка изречена од Уставен суд, а потоа и конечна одлука од истата институција со која се запира извршувањето на поединечните акти и дејствија, а дополнително покрај времената мерка, Комората продолжила со континуираната едукација. Паралелно, во прилог на оваа одлука е и извештајот од Државната комисија за спречување на корупција, пишува во соопштението.

Министерството за здравство, како што се додава, за оваа цел имаше формирано две комисии за надзор над законитоста на работата на Комората и „во двата случаи се констатирани неправилности на кои е укажано со законски рок за отстранување на истите, но, во законските рокови не е постапено од страна на Стоматолошката комора“.

– Потенцираме дека по извршениот надзор на првата комисија, формирана во 2024 година, воопшто не е постапено по препораките, односно во целост се неточни тврдењата дека комисиите „немаат утврдени неправилности во кој било сегмент од работењето во Комората“, додека втората комисија веќе дава јасни насоки до МЗ за утврдените неправилности, недостатоци и предлог за дејствија што треба да се преземат, истакнуваат од Министерството за здравство.

Врз основа на утврдената фактичка состојба, како што се додава, по разгледување на содржината на извештаите и доставената документација како и одлуката од Уставен суд од 15.05.2024, „министерот одлучи времено да ги преземе надлежностите за лиценцирање, сè додека не воспоставиме систем кој ќе работи законито, транспарентно и професионално“.

Mинистерот Азир Алиу во саботата информираше дека Министерството за здравство ги презема надлежностите за лиценцирање на Стоматолошката комора.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Битола во знакот на „Трчај бе 2025“ – спортска манифестација со битолски шмек

Следно

Тотенхем започна разговори со Манчестер сити за трансферот на Савињо

Latest from Blog

Светиот великомаченик Евстатиј Плакида

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 20 септември. Светиот великомаченик Евстатиј Плакида Голем римски војсководец од времето на царевите Тит и Трајан. Иако незнабожец Плакида (тоа е неговото незнабожечко име)

Зошто Мараја Кери и по 20 години тврди дека не ја познава Џенифер Лопез ? (ВИДЕО)

Тој момент наскоро влезе во историјата на поп-културата, а повеќе од две децении подоцна, пејачката повторно проговори за позадината на нејзината позната изјава. „Работата е во тоа што бев искрена кога го

Анхоч го стартува „GG October“ – месецот на гејминг и технологија за сите љубители на добар сетап.

Октомври во Анхоч носи ново, возбудливо поглавје! Со кампањата GG October, Анхоч го отвора месецот на врвна технологија и инспирација за сите љубители на моќен и совршен дигитален сетап. Ова не е
Go toTop