Црногорците избираат меѓу Ѓукановиќ и Милатовиќ на вториот круг од претседателските избори

April 2, 2023
1 min read

Кандидатот за претседател Мило Ѓукановиќ е апсолутно убеден во својата победа и смета дека никој не му е рамен. Неговиот противкандидат Јаков Милатовиќ најави дека Ѓукановиќ ќе биде испратен во политичка пензија

Во Црна Гора утринава во 7 часот се отворија сите 1 162 гласачки места во вториот круг од претседателските избори, а вечерва, по 20 часот, ќе слави само еден од двајцата кандидати – актуелниот шеф на државата и кандидат на ДПС, Мило Ѓукановиќ или кандидатот на движењето „Европа сега“ (ПЕС), Јаков Милатовиќ.

Двајцата кандидати освоија најмногу гласови во првиот круг на гласање – актуелниот шеф на државата, Мило Ѓукановиќ освои 35,37 отсато од гласовите, додека младиот политичар од движењето „Европа сега“, Јаков Милатовиќ, гласањето пред 14 дена го заврши со поддршка од 28,92 отсто од гласовите.

Ако победи, ова ќе му биде трет мандат на Ѓукановиќ (61) како претседател на Црна Гора. Тој уште од изборната ноќ по првиот изборен круг изјави дека е апсолутно убеден во својата победа и смета дека никој не му е рамен, а на граѓаните им вети подобар стандард на реални основи, зачувување на граѓанската држава и членство во ЕУ во следните пет години.

Кандидатот на ПЕС, Јаков Милатовиќ (36) во изборната вечер по првиот изборен круг рече дека претседателските избори биле пресвртница и дека во вториот круг Ѓукановиќ ќе биде испратен во политичка пензија. Тој во кампањата ги праша граѓаните „дали сакаат уште пет години со Мило?“ Тој им вети излез од темнината на режимот на Ѓукановиќ, борба против криминалот и корупцијата и просперитет на Црна Гора.

Право на глас на претседателските избори имаат 542 154 граѓани. Најмногу гласачи има во Подгорица – 143 608, а најмалку во Шавник – 1 777.

Овие претседателски избори се четврти од обновувањето на независноста и осми од воведувањето на повеќепартискиот систем.

Досега претседатели на Црна Гора беа Момир Булатовиќ, Филип Вујановиќ и Мило Ѓукановиќ.

Претседателот се избира со мандат од пет години.

Извор: 360stepeni.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Експресно одбиено барањето на Арсовска да го врати споменикот на Ќосето

Следно

Муцунски: Лицата со аутизам ја имаат нашата поддршка, подготвени сме заеднички да ги надминеме сите предизвици и пречки

Latest from Blog

Хегсет во Брисел ги нападна НАТО сојузниците: Постапивте срамно (ВИДЕО)

Министерот за одбрана на САД, Пит Хегсет, денес објави преглед на распоредувањето на американските сили во Европа и се закани дека ќе ги суспендира некои од американските обврски кон НАТО доколку „сиромашните“

Маричиќ од Кишињев: ДИК со Меморандум ја зајакнува соработката со регионот за избори според европски стандарди

Делегација на Државната изборна комисија (ДИК), составена од претседателот Бојан Маричиќ и членовите Дитмире Шеху и Светлана Карапетрова, зеде активно учество на седмата Регионална конференција „Парите во политиката 2026“, која се одржа

Николоски: Коридорот 10 ќе стане најзначајна економска артерија во Европа

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, на министерскиот самит за транспорт во организација на Секретаријатот на Транспортната заедница говореше за плановите и развојот на патната и железничката инфраструктура на

Семинарот на АГСМ во Тирана се фокусира на состојбата на Македонската заедница во Албанија (ФОТО)

Од 4 до 7 јуни, во Тирана се одржа 29-тиот семинар на Работната група на словенските малцинства (АГСМ) при ФУЕН за прв пат во Албанија и во годината кога се одбележува 30-годишнината

Откриена причината поради која Меси плачеше на историскиот натпревар!

ФОТО:.facebook.com/AFASeleccionEN/ Лионел Меси ја предводеше Аргентина до победа на првиот натпревар од Светското првенство со хет-трик, но прославата на фудбалската икона беше нарушена со солзи по првиот гол. Иако Меси по натпреварот
Go toTop