Муцунски: Инфраструктурните проекти кои ги реализираме сериозно го менуваат изгледот на Аеродром

February 27, 2023
1 min read

Градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски, утрово изврши увид на градежните работи на сообраќајниците во населбата Лисиче, каде активно се работи на реконструкција на една улица, а наскоро започнуваат активностите на уште две улици во истата населба.

„Продолжуваме со инвестициите во инфраструктурни проекти кои сериозно го менуваат изгледот на Аеродром. Проектите кои ги започнавме на почетокот на годината го добиваат својот финален изглед, а со тоа решаваме важен инфраструктурен проблем, но и ја подигнуваме на безбедноста во сообраќајот за граѓаните кои живеат во овој дел од населба Лисиче“, напиша тој на својата Фејсбук страна.

Во овој период се изведуваат работни активности за реконструкција на улицата „Мите Богоевски“ во должина од 1245 метри, а по нејзиното завршување започнува и обновата на улиците „Црноризец Храбар“ и „Илија Димовски“ со вкупна должина од 1000 метри. Реконструкцијата опфаќа промена на асфалтот и поплочување на пешачките патеки со бекатон плочки, како и поставување хоризонтална и вертикална сигнализација.

Вкупната вредност на овој проект изнесува 60 милиони денари, средства кои се обезбедени од Светска банка, преку проектот на Министерството за транспорт и врски за финансирање на инвестиции и во инфраструктурата на општинските патишта и улици.

Во следниот период започнува реализацијата на неколку важни инфраструктурни проекти со кои ќе го унапредиме урбаното живеење во неколку населени места во општината, информираа од општина Аеродром. 

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Туркије: Во новиот земјотрес што ја погоди Малатија загина едно лице, 69 се повредени

Следно

(ВИДЕО) Земјотрес со јачина од 5,2 степени повторно ја погоди Турција

Latest from Blog

Сообраќајот на патиштата по влажни коловози, на повисоките места со мали остатоци од кашест снег

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот, соопшти

Хоџиќ: Земјата е во општествена криза, време е за демократска акција

Странката на демократска акција на Македонија (СДА Македонија) оцени дека државата се наоѓа во длабока општествена криза и порача дека е неопходна демократска мобилизација за враќање на европскиот курс на земјата. Овие

Македонското друштво “Илинден“-Тирана апелира за итна интервенција на патот што ја поврзува Албанија со Македонија на граничниот премин Требиште-Џепиште, во областа Голо Брдо

Македонско друштво “Илинден“–Тирана апелира до општина Булќиза и до Административна единица Требиште итно да се отстрани одронот на патот што го поврзува граничниот премин Требиште–Џепиште, во областа Голо Брдо, со Македонија. Блокадата

Одрон на патот што го поврзува граничниот премин Требиште – Џепиште, во областа Голо Брдо, со Македонија

Поради одрон на патот што ја поврзува областа Голо Брдо со граничниот премин Требиште – Џепиште кој ја поврзува Албанија со Македонија сообраќајот на оваа делница е отежнат. Овој пат е од
Go toTop