Можен договор со Иран и итно отвораењ на Ормускиот теснец уште викендов?

June 12, 2026
1 min read

 Најновата порака е уште еден остар дипломатски маневар на Трамп, само три часа пред американските проектили да го започнат најавенот жесток бран напади врз Иран, кој самиот го објави вчера. 

-Штотуку постигнавме одличен договор за војната со Иран. Тоа ќе биде предмет на финализирање на документите, што треба да се заврши во текот на следните неколку дена. Веројатно ќе биде потпишан, можеби во Европа. Дали Врховниот лидер го одобри овој договор? – Јас разбирам дека одговорот е „да“. Тие нема да имаат нуклеарно оружје. Се согласија на тоа. Тоа беше главната причина и голем дел од причините. , изјави Доналд Трамп, претседател на САД.

Повеќе светски медиуми шпекулираат дека церемонијата на потпишување на меморандумот би се случил веќе в недела во Женева, а во име на Вашингтон параф ќе стави потпретседателот Џеј Ди Венс. Аксиос пиушува дека неколку американски авиони полетале кон Европа за да се подготват на таквото сценарио. Но, Иран вели прерано е за славје. Од иранското МНР признаваат дека е направен значителен, но не и финален исчекор.

-Вистина е дека Иран се согласува со најголем дел од потенцијалниот договор со САД, но конечен договор не е финализиран. Иран нема да прави компромис со црвените линии, затоа што Вашингтон постојано ги менува ставовите. , изјави Eсмаил Багхеи, портпарол на иранското МНР.

Последните изјави влеваат надеж, но светската јавноста со резерва ја прима пораката на Трамп, кому медиумите досега му избројаа 37 слични најави дека конфликтот е речиси завршен. Неговите најави сепак драстично се одразија на цената на нафтата, кој го достигна двомесечниот минимум. Нафтата  од типот Брент падна за четири проценти и се продава за 89 долари за барел.

Извор: vecer.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Димитриеска-Кочоска: Стабилните јавни финансии се темел на одржливиот економски развој

Следно

Проданоски: Почнува изборот за најдобар наставник, воспитувач и неговател во Прилеп

Latest from Blog

Божиновска од Истанбул: Македонија и Турција отвораат нови можности за инвестиции во енергетиката

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, во Истанбул учествуваше на Бизнис форумот Северна Македонија – Турција, значаен економски настан посветен на продлабочување на билатералната соработка, привлекување инвестиции и отворање

Проданоски: Почнува изборот за најдобар наставник, воспитувач и неговател во Прилеп

Општина Прилеп ги објави јавните повици за доделување награди за најдобар наставник во одделенска и предметна настава во општинските основни училишта, најдобар наставник во средните општински училишта, како и за најдобар воспитувач

Димитриеска-Кочоска: Стабилните јавни финансии се темел на одржливиот економски развој

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска ги поздрави учесниците на регионалната работилница за размена на искуства и заемно учење во рамки на Програмата за управување со јавен долг и ризици (GDRM), чиј

Димитриеска-Кочоска: Македонија значително ги зајакна капацитетите за управување со јавниот долг

12 јуни 2026, Скопје – Министерството за финансии денеска беше домаќин на региионална работилница за размена на искуства и заемно учење во рамки на Програмата за управување со јавен долг и ризици
Go toTop