Москва: Нема нуклеарен договор додека САД не ја сменат политиката кон Украина

March 1, 2023
1 min read

Рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков денеска изјави дека Москва нема намера да ја преиспита својата одлука за суспендирање на Договорот за нуклеарно оружје Нов СТАРТ со САД додека земјата не ја промени својата политика кон Украина.

Рускиот претседател Владимир Путин минатата недела објави дека Москва привремено го суспендира своето учество во договорот, обвинувајќи ги САД дека се обидуваат да и нанесат „стратешки пораз“ на Русија во Украина.

-Сè додека САД не го сменат своето однесување, додека не видиме знаци на разумност во она што го прави во однос на Украина… нема изгледи за преиспитување на одлуката за суспендирање на Нов СТАРТ, рече Рјабков.

Договорот беше потпишан во 2010 година од тогашните претседатели Дмитриј Медведев и Барак Обама со цел да се ограничи бројот на стратешки нуклеарни боеви глави што секоја страна може да ги распореди. Во исто време беа извршени голем број меѓусебни инспекции, а земјите разменија важни информации.

Договорот е последен во низата што ја запре трката во вооружување од Студената војна меѓу Вашингтон и Москва, а треба да истече во 2026 година.

Воените аналитичари веруваат дека неуспешното обновување на тој договор ќе го зголеми нуклеарниот ризик во време на засилени несогласувања околу конфликтот во Украина.  (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Директорот на училиштето во Кисела Вода: Децата беа вратени во училиште по потврдата од МВР дека може да се направи тоа

Следно

Кој ја исклучи струјата на огнената група? Груби: Измислици, не беше исклучена струјата

Latest from Blog

Ајкула залута во јужнокорејско пристаниште, 600.000 луѓе дојдоа да ја видат (ВИДЕО)

Ајкулата, долга приближно 3,5 метри, првпат била забележана на 18 септември во тесен воден канал во рамките на Северното пристаниште на Бусан. Властите вчера се обиделе да спроведат акција за спасување откако

ТС Дуброво по 50 години запишана во сопственост на МЕПСО

По речиси пет децении, еден од долгогодишните имотно-правни проблеми во електроенергетската инфраструктура конечно се решава. Објектите на ТС 400/110 kV Дуброво, изградена во 1977 година, се запишани како сопственост на АД МЕПСО,
Go toTop