Мојсова-Чепишевска: Во Солун денеска се зборува на македонски за нашиот јазик и за македонистички теми

December 14, 2024
1 min read

Во организација на Лабораторијата за култура, граници и родоци студии на Катедрата за Балкански, славистички и ориентални студии  на Универзитетот Македонија во Солун денеска се одржува и на Филолошкиот факултат на УКИМ од Скопје, денеска за првпат на толку високо академско ниво, се одржува настан на на кој учествуваат познати личности од грчката академска и македонската академска средина.

Проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска, којашто е една од учесниците на овој настан, на социјалните мрежи нашиша дека за прв пат, официјално и на толку високо ниво, научници и истражувачи од двете земји ќе говорат на македонистички теми.

За македонскиот книжевен XX век, за Рацин и 85-годишнината од БЕЛИ МУГРИ, за зборот на Блаже Конески, Ацо Шопов, Гане Тодоровски, Матеја Матевски, Петре М. Андреевски и Влада Урошевиќ, предавања и пригодна реч ќе одржи проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска.

Според Мојсова-Чепишевска, Филолошки факултет „Блаже Конески“ – Скопје  при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје гради нови мостови и пријателства меѓу македонската и грчката академска заедница.

Деканот на Филолошкиот факултет, професор Владимир Мартиновски за МИА вели дека меѓусебното запознавање на академските заедници и студентите преку вакви соработки несомнено ќе придонесат и во развојот на добрососедските односи.

-Научната конференција на Универзитетот Македонија во Солун е одлична можност да ја поттикнеме, зајакнеме и развиеме академската соработка во доменот на филолошките науки и хуманистиката. Меѓусебното запознавање преку проучувањето на јазиците, литературите и културите, поттикнувањето на мобилноста на студентите и на наставниот кадар, долгорочното вложување во едукацијата и усовршувањето на книжевните преведувачи несомнено ќе придонесат и во развојот на добрососедските односи, истакна професор Мартиновски.

Професорката Александра Јоаниду за МИА посочува дека настанот „има за цел да ја зацврсти долго планираната соработка помеѓу Универзитетот во Скопје и Универзитетот Македонија“.

-Официјалното признавање на македонскиот јазик со Договорот од Преспа требаше да се спроведе и во академската средина за конечно да започне плодна размена на идеи, култура, знаење и соработки на академско ниво. Овој настан го сметам за многу важен настан кој сигнализира не само желба и расположение да се променат кон подобро односите меѓу нашите два народа, туку и трансформација на теоријата во пракса, нагчаси професорката Јоаниду за МИА.

Според официјалната програма на научната конференција, освен професорите Јоаниду и Мартиновски ќе учествуваат и професорките Румена Бужаровска, Весна Мојсова-Чепишевска и Елени Сидери, професорот Јоанис Манос, асистентката Елена Ѓорѓиовска, д-р Кица Колбе, д-р Евангелос Киријаку, Марија Думпа и Фотис Сионис.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Дојранското Езеро под заштита: Новата пречистителна станица ја заменува старата технологија

Следно

АМСМ: Снег провејува на Попова Шапка и на превојот Стража

Latest from Blog

Евровизија пропаѓа: Уште еден победник го враќа трофејот поради учеството на Израел (ВИДЕО)

Откако победникот на Евровизија 2024, Немо, јавно објави дека го враќа својот победнички трофеј на Европската радиодифузна унија (ЕБУ), друг победник на Евровизија одлучи да го стори истото. Тоа е ирскиот пејач

ФОТО: Дали имате природен магнетизам? Првото нешто што го забележувате открива дали…

Овој интересен визуелен тест ја користи перцепцијата како забавен начин за да ѕирнете во вашиот внатрешен свет. Ве повикува да истражите како вашите први импресии од една едноставна слика може да ги

Митева: Денешниот настап на СДС претставува сериозна штета за медиумскиот простор во Македонија кој мора да биде јасно осуден

Како човек кој секојдневно е во директна комуникација со Вас, медиумите и новинарите, чувствувам обврска јавно да реагирам. Премолчувањето во вакви ситуации би значело дека се откажуваме од одговорноста што ја имаме

Хаос во Индија: Само што си замина Меси – на теренот летаа шишиња (ВИДЕО)

Посетата на Лионел Меси на Индија беше одбележана со инцидент во Калкута, каде што настана хаос откако незадоволни навивачи влетаа на теренот на стадионот „Солт Лејк“, објавија локалните медиуми. По пристигнувањето во
Go toTop