Мицотакис предлага пет правила за зелена транзиција

October 21, 2025
2 mins read

Фокусирање на ефикасно искористување на ресурсите; зачувување на технолошката неутралност; одново посветување на внатрешниот пазар, како и подобро управување со пазарот, се правилата за зелена транзиција, што грчкиот премиер Киријакос Мицотакис ги предлага во колумната за „Фајненшл тајмс“..

Мицотакис пишува дека зелениот договор на Европската Унија се наоѓа на пресвртна точка, дека високите цени на енергенсите не оставаат простор економиите да се оптоварат со дополнителни трошоци, а „во исто време, новата геополитичка реалност ја намали подготвеноста на Европа за нови односи на зависност од горива, минерали или технологии“.

– ЕУ се соочува со бројни други предизвици. Енергетската транзиција треба да ја зајакне пошироката стратешка рамка во однос на местото што Европа сака да го заземе во светот. Со оглед на овие предизвици, би сакал да предложам пет едноставни правила за зелена транзиција, пишува Мицотакис.

За ефикасното искористување на ресурсите, како прво правило, објаснува дека додека европските земји сè уште согоруваат јаглен во електрани и користат нафта за греење на домовите и во фабриките, се промовира декарбонизацијата на бродови, авиони и на најсложените индустриски процеси.

– Овој акцент на истовремено справување со сите емисии е краткорочен. Треба да ја прошириме употребата на технологии со ниски емисии кои се конкурентни, додека паралелно го продолжуваме развојот на оние што сè уште не се конкурентни, но со разумно темпо. Исто така, сè појасно станува дека последните чекори до постигнување на климатска неутралност ќе бидат скапи. Затоа, мораме да се движиме внимателно, да останеме флексибилни и да се осигуриме дека бројките имаат економска логика, пишува грчкиот премиер.

Второто правило, според него е да се зачува технолошката неутралност, вели дека „Европа потпишува договори за купување природен гас од Америка, но не поддржува експлотација на гас во рамките на ЕУ“, дека постојат многу ресурси за финансирање на водород како извор на енергија, но многу малку за нуклеарна енергија.

Третата и четвртата точка се однесуваат на внатрешниот пазар, коментирајќи дека постојат големи ценовни разлики во Европа, особено во цената на електричната енергија, а малкумина се подготвени да ја споделат својата евтина електрична енергија.

Посочува дека е потребно подобро управување со пазарот, кога пазарите на енергија, особено на електричната енергија, „стануваат сè посложени, меѓусебно зависни и нетранспарентни“, што според него е „опасна комбинација кога се работи за нешто што е од суштинско значење за човечкиот живот и за конкурентноста на Европа“.

На крајот, како петта и последна точка пишува дека „зелената транзиција не смее да биде единствената цел“.

– Со години Европа ја ставаше декарбонизацијата над сè. Другите цели, вработувањата, индустриското производство и стратешката автономија, беа поразени кога се „пресметаа“ со декарбонизацијата. Не можеме да инсистираме за оваа насока. Декарбонизацијата е од витално значење, но не е единствената цел. Ако е потребно да прифатиме одредени емисии малку подолго за да ги спасиме нашите индустрии или да ја одржиме социјалната кохезија, тогаш нека биде така. Овие дискусии мора да се водат искрено. Не можеме да тргнеме од климатската неутралност како единствена почетна точка и да се надеваме дека сè друго ќе заврши со среќен исход, пишува Мицотакис.

Грчкиот премиер истакнува дека конкретните пет правила што ги предлага се едноставни, ако сериозно се земат предвид и се смисли стратегија околу нив „постои потенцијал да се обликува многу поинаква агенда за ЕУ“.

– Верувам дека тоа ни е потребно во 2025 година. Во спротивно, може да ја добиеме трката за климатска неутралност, само за да откриеме дека сме трчале во погрешна трка. Не можеме да дозволиме ова да се случи, пишува Мицотакис во колумната за „Фајненшл тајмс“. 

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Баерн му верува на Компани, белгиецот со нов договор до 2029 година

Следно

СЕ ПРОДАВААТ ПРОФИЛИ НА ИКС (ТВИТЕР), еве кои се условите

Latest from Blog

Меџити: За хаосот со отпадот во Скопје, одговорност ќе понесат ДУИ, Данела и Левица

Првиот вицепремиер и воедно новоизбран градоначалник на Општина Чаир од редовите на владината коалиција ВЛЕН, Изет Меџити, остро реагираше на тешката состојба со отпадот што го има зафатено главниот град, нарекувајќи го

Авион во САД изврши принудно слетување: „Слушнавме тропање на вратата од пилотската кабина“

Авион на „Американ ерлајнс“, управуван од регионалниот авиопревозник „СкајВест ерлајнс“, беше принуден да изврши итно слетување во Небраска доцна во вторникот откако пилотите не можеа да стапат во контакт со екипажот и

Утре дожд, викендов засилен ветер

Утре времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, а температурите ќе се движат од 6 до 13 степени минимални

Меџити: Градежните активности во Стар Чаир се доказ за почетокот на нова ера на развој!

Новоизбраниот градоначалник на Општина Чаир од редовите на владината коалиција ВЛЕН, Изет Меџити, ја продолжува работата на терен, покажувајќи ја својата посветеност за развој на општината. Во објава на „Фејсбук“, Меџити истакна

Интензивни активности во Чаир – Меџити гарантира развој и модерни инфраструктурни решенија

Со голема посветеност и интензитет, продолжува изградбата на патните инфраструктури во Чаир. Секој сегмент се реализира според највисоките стандарди за квалитет и современа урбана инфраструктура. Дневно се работи според утврдениот план и
Go toTop