Мицкоски во Тирана на отворање на новите канцеларии на Македонското здружение „ВМРО-ДПМНЕ Албанија“

November 20, 2025
1 min read

Денеска во Тирана во присуство на голем број Македонци од Албанија претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Владата Христијан Мицкоски, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓоргија Сајкоски и претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ Жаклина Пешевска, на покана на Македонско здружение “ВМРО-ДПМНЕ Албанија” присуствуваа на отворање на новата канцеларија на ова здружение.

Мицкоски во обраќањето пред присутните ја нагласи и можноста на Македонците во Албанија да имаат свој клуб, можност за здружување, можност слободно да работат на зачувување на својата култура, идентитет, јазик и традиција, можност што ја немаат Македонците во Пиринскиот дел на Бугарија.

-Македонците во Пиринскиот дел ја немаат оваа можност да се организираат, во 21 век се спречени да регистрираат невладино здружение, не можат да зборуваат слободно за својот македонски идентитет. Ние сме вредни, трпеливи и умни и ве уверувам дали сега или во периодот којшто следи, ќе дојдеме до таа цел, посочи Мицкоски.

-Мене ми е драго што на сите овдека ни е јасен тој наш вековен автентичен македонски корен и наш вековен македонски идентитет. Како што можам да забележам македонскиот јазик се негува и се чува и тоа особено ме импресионира вечерва, направи споредба Мицкоски при отворањето на македонскиот клуб.

-Македонската држава ќе биде столб на Македонците во светот каде и да се, држава којашто е нивна татковина, држава којашто со отворени раце ги чека да дојдат дома и да бидат заедно со Македонците во Македонија, им порача на присутните во Тирана на отворањето на клубот на македонско здружение “ВМРО-ДПМНЕ Албанија”.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Битола: Механизација и работници на терен за нормализирање на состојбата во Брусник

Следно

Дон Флорентино збеснал кога дознал дека Модриќ преговара со друг клуб!

Latest from Blog

Мицкоски на Самитот на лидери во Тирана

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски утре ќе присуствува на Самитот на лидери „Нашиот план до ЕУ“ кој ќе се одржи во Тирана, Република Албанија. Како што информираат од владината прес-служба, предвидено е

Меџити ја унапредува соработката со Чешка во клучни сектори

Денеска, градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, одржа плоден состанок со Амбасадорот на Република Чешка во Македонија, г. Јарослав Лудва. Разговорите беа фокусирани на неколку клучни теми, вклучувајќи ги и политичките развојни

Кевин Костнер ќе го глуми Бил Клинтон во новата серија- познати се деталите

70-годишната ѕвезда од „Јелоустоун“ се разгледува за улогата на 79-годишниот поранешен врховен командант во политичката драма „Јунајтед“. Серијата е сè уште во рана фаза на развој и ќе се продуцира во соработка

Турчин претепан во хотел во Белград, негов сонародник му ја скршил главата

Турчинот го тепал несреќниот човек со стол по главата и телото додека не ја изгубил свеста, објави Телеграф. Лекарите во Клиничката болница „Земун“ во Белград му дијагностицирале на Е.С. фрактура на фронтална коска,
Go toTop