Мицкоски вели оставката на Комисијата е доблесно, за СДСМ не е доволно, бараат одговорност и од Сиљановска

October 27, 2024
1 min read

По острите реакции во јавноста за одлуката за помилување, Комисијата поднесе колективна оставка за што информираше Гордан Калајџиев еден од членовите. Тој во својот кус статус не неговиот фејсбук профил напиша дека се воделе од професионални принципи.

Покрај Калајџиев во Комисијата членуваа и професорите Методија Каневчев, Арлинда Кадри Шахиновиќ, доктор Зоран Митиќ, Ана Ѓорѓиева Ивановска и Ајтен Шаќири. Претседателката Гордана Силјановска Давкова ја прифатила оставката и најави консултации за нов состав, но и за слабостите во системот на помилување. Премиерот Мицкоски целата одговорност ја гледа во Комисијата и вели дека членовите ја констатирале грешката и постапиле доблесно со тоа што поднесоа оставка.

-Жив човек кој што работи, знае и да погреши. Кога ќе се констатира грешката ако се преземе одговорност, тогаш тоа е и доблесно и јас така можам да ја коментирам одлуката на членовите на Комисијата која што се занимава со теми од областа на помилувањето. Констатирана е очигледно грешката и единственото нешто што тие го имаат како морален чин тоа е да се повлечат и тоа и го направија, така што очекувам тука да се затвори таа тема во јавноста, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Но за СДСМ темата не е затворена, тие бараат одговорност од претседателката Силјановска. Велат дека Комисијата за помилување со својата оставка е жртвено јагне во овој скандал.

-Очигледно власта мисли дека Комисијата треба да биде жртвено јагне за да се спаси Силјановска и нарачателите на ова скандалозно помилување. Претседателката Силјановска ги дава и одлучува за помилувањата, не Комисијата и целосната одговорност е кај неа. Скандалозното помилување мора да има одговорност и за Силјановска и за нарачателите. Силјановска помилуваше и нарко-бос и осудени криминалци вмешани во шпионски афери, изјави Методија Илиевски од СДСМ.

Одлуката за помилување на осуденици, претседателот на државата ја носи по препорака на Комисијата за помилување, која е постојано работно тело во служба на претседателот.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кочани стана дива депонија, неконтролираното горење на ѓубриштето закана од еколошка катастрофа

Следно

Манчестер јунајтед поразен од Вест Хем, има само една победа на последните осум натпревари

Latest from Blog

Божиновска: Со BAE Systems ја зајакнуваме заштитата на критичната енергетска инфраструктура

Воспоставувањето секторски Центар за безбедносни операции (SOC) и можностите за негово финансирање беа во фокусот на работниот состанок на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, со претставници на BAE

Божиновска: Со стипендии и практична работа им отвораме пат на младите инженери

На иницијатива на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, АД МЕПСО ја обновува програмата за студентско стипендирање. За академската 2026/2027 година ќе бидат доделени 15 стипендии во месечен износ

Општина Битола: До 19 ноември може да предложите волонтер или волонтерска акција за локална награда

Локалниот совет за волонтерство на Општина Битола ги поканува сите волонтери и организатори на волонтерска работа, кои во 2026 година оствариле значителен придонес во областа на волонтерството да се пријават на повикот

Канадски министер за енергетика: Рударството влегува во најголемиот инвестициски суперциклус во историјата

Светот влегува во досега најголемиот инвестициски суперцикл во историјата на металургијата и рударската индустрија, изјави канадскиот министер за енергетика и природни ресурси, Тим Хоџсон, за време на неговото обраќање во Лондон. Според него,
Go toTop