Мицкоски: Очекувам голема победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, ДУИ продолжува со политика на поделби

October 16, 2025
1 min read

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во вечерашното гостување во поткастот „Проверитас“, истакна дека очекува убедлива историска победа на кандидатите за градоначалници кои доаѓаат од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, а бројката смета дека ќе биде меѓу 40-50 градоначалници и Град Скопје.

„Очекувам убедлива победа повторно на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Очекувам минимум помеѓу 45-50 градоначалника плус главниот град Скопје. Сега имавме точно 42. Некои ми викаат дека сум песимиста, некои велат ќе имаме и повеќе. Јас навистина не знам колку е тоа повеќе, но еве очекувам да имаме, би рекол, историски резултат. Затоа што граѓаните чувствуваат, дека искрено сме влезени и сакаме да направиме, и даваме се од себе за да направиме. Имаме точна прецизна кампања со јасна порака, кампања која што нуди решенија. Не е црна кампања, не е кампања со ad hominem напади, вели Мицкоски.

Претседателот Мицкоски се осврна на кампањата за локалните избори која што ја води коалицискиот партнер во Владата, ВРЕДИ, и рече дека кандидати за градоначалници на ВРЕДИ нудат проекти и стратегии за развој на општините, за разлика од ДУИ кои се уште продолжуваат со политика на поделби и личен интерес.

„Слушам одредени нивни пораки, тие пораки се во рамките на тоа кое што го очекувам. Мене ми е навистина драго, што конкретно Вреди или ВЛЕН, е фокусиран на проекти. Нивните кандидати за градоначалници зборуваат за проекти, за стратегија, што ќе направат во својот мандат. Тоа не можете да го слушнете од нивните конкуренти, ДУИ, кај нив само една е пораката, поделба и обид да се огради својот терен на интерес. Мислам дека е, како што кажав претходно погрешно, но ќе видат самите многу скоро“, дециден е Мицкоски.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Ѓорѓиевски од митинг во Гази Баба: „Ќе ја вратиме довербата во градската власт“

Следно

Англија забрани присуство на израелски навивачи на мечот Астон Вила – Макаби ТА

Latest from Blog

Девојка е алергична на вода- потење и туширање ѝ предизвикуваат болка и осип (ВИДЕО)

Првите симптоми се појавиле пред десет години, додека сè уште пливала, а со текот на времето осипите се појавувале по секое туширање или вежбање, објави Мирор. Почетокот на проблемот „Стигна до точка

Ѓорѓиевски од митинг во Гази Баба: „Ќе ја вратиме довербата во градската власт“

На голем собир во Гази Баба, кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и актуелниот градоначалник и кандидат за нов мандат Бобан Стојановски, добија масовна поддршка од граѓаните под мотото „Со Бобан,

Словенија воведува задолжителен божиќен бонус за сите вработени, еве која е сумата

Заменик претседателот на Владата на Словенија, Матеј Арчон објави дека исплатата на божиќен бонус на сите вработени, и во јавниот и во приватниот сектор, ќе стане задолжителна не само оваа година, туку
Go toTop