Мицкоски очекува средби со претставници на бугарската Влада, но не прецизира на чија иницијатива

February 6, 2025
1 min read

Премиерот Христијан Мицкоски очекува во наредниот период да се одржат средби со претставници на бугарската Влада. Според него, тоа е нешто што не треба да не изненади, бидејќи, како што вели, нормално е ние да разговараме со соседите, да градиме односи. 

-Што се однесува до средби, ние и веќе имавме средби во минатото со највисокото бугарско раководство со тогашниот нивен технички премиер. Очекувам во периодот што следи на различно ниво да има средби со бугарската Влада и тоа не е нешто што треба да не изненади. Нити ние ќе исчезнеме, нити тие ќе исчезнат, ние повторно ќе си бидеме соседи, изјави Мицкоски во одговор на прашање на МИА, за евентуални средби со новото бугарско раководство, откако вчера министерот за европски прашања Орхан Муртезани од Брисел изјави дека бугарската страна е подготвена за разговори.

Мицкоски истакна дека ние мора да градиме добрососедски односи, но тоа не значи дека се согласуваме на некои теми што не разделуваат.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ПРВО ОПОМЕНА, ПА ГЛОБА: „Безбеден град“ догодина комплетно во функција- период на адаптација од 6 месеци

Следно

Лекар се степале во операциона сала во штипската болница – поведена дисциплинска!

Latest from Blog

Сарагоса прогласен за најпристапен град за лицата со попреченост за 2026 година

Шпанскиот град Сарагоса ја освои првата награда на натпреварувањето Пристапен град за лицата со попреченост за 2026 година, пред уште еден град во Шпанија, Валенсија и францускиот Рен, на натпреварувањето што го

Британската амбасада ги демантира СДСМ и неолибералните медиуми: Не кампови, туку заедничка борба со илегалната миграција

Британската амбасада во Скопје директно ги демантира лажните вести на СДСМ темелени на крајно шпекулативен текст, полн со конструкции и непроверени податоци на честопати сензационалистичкиот “Times”, текст базиран на неолиберални ставови и

Артета во нови проблеми: Арсенал во дефанзивна криза, се повреди и третиот стопер

фото: OptaJoe (X) Арсенал претрпе уште еден тежок удар во одбраната. Кристијан Москера ќе отсуствува најмалку шест недели поради комплицирана повреда на глуждот што ја заработи во победата против Брентфорд во средината
Go toTop