Мицкоски: Националната стратегија за развој е одговор на реалните предизвици со кои се соочува нашето општество и држава

December 19, 2025
2 mins read

Интегрален текст од обраќањето на премиерот Христијан Мицкоски на промоцијата на Нац. стратегија за развој на ИКТ СМАРТ/МК 2030

„Денес не промовираме само еден стратешки документ. Денес ја потврдуваме нашата решителност да ја изградиме модерната, паметна и дигитална држава. Држава што работи за граѓаните, држава што е транспарентна, ефикасна и правична.

Националната стратегија за развој на ИКТ – СМАРТ/МК 2030 е визија, но и јасен план. Таа е одговор на реалните предизвици со кои се соочува нашето општество и патоказ за тоа каква држава сакаме да бидеме во следната деценија.

Дигиталната трансформација не е само воведување нови технологии. Таа е системски процес кој подразбира длабока промена во начинот на кој функционира државата, во културата на институциите и во односот кон граѓаните и бизнисите. Таа значи поедноставни и побрзи услуги, помалку бирократија, повеќе отчетност и поголемо учество на граѓаните во креирањето јавни политики.


Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Како Влада, дигитализацијата ја поставивме како еден од нашите клучни стратешки приоритети. Затоа што знаеме дека дигиталната држава е предуслов за владеење на правото и ефикасна борба против корупцијата. Кога процесите се дигитални, трагата е видлива, а одговорноста е јасна. Кога системите се поврзани, нема простор за злоупотреби, селективност или привилегии.

Стратегијата СМАРТ/МК 2030 го обликува патот на дигиталната трансформација на Република Македонија во согласност со нашите специфики, вредности и долгорочни државни интереси. Таа претставува детален и реален патоказ за надминување на развојните предизвици во областа на информатичко-комуникациските технологии и обезбедување забрзан дигитален развој во сите сектори – од јавната администрација, преку образованието и здравството, до економијата и локалниот развој.

Овој документ се темели на принципите и насоките утврдени во Патоказот за дигитална трансформација, а воедно е целосно усогласен со Националната развојна стратегија 2024 – 2044, каде што развојот на човечкиот капитал и дигитализацијата на општеството се препознаени како централни двигатели на напредокот. Нема силна економија без дигитални вештини. Нема современо општество без дигитално писмени граѓани. И нема конкурентна држава без иновативен ИКТ-сектор.

Посебна вредност на стратегијата е тоа што таа прецизно ги адресира и краткорочните и среднорочните приоритети утврдени во Националната програма за усвојување на правото на ЕУ. Донесувањето на оваа стратегија, како и усогласувањето со европското законодавство во областа на електронските комуникации, дигитализацијата на институционалните регистри, воведувањето работа во облак, како и унапредувањето на правната рамка за електронска идентификација и доверливи услуги, се јасен сигнал дека сме подготвени за европски дигитални стандарди.

Но, стратегиите сами по себе не се доволни. Нашата обврска е оваа визија да ја претвориме во конкретни политики, мерливи резултати и реални промени во секојдневниот живот на граѓаните. Да изградиме држава во која услугите се достапни со еден клик, институциите комуницираат меѓусебно, а граѓанинот е во центарот на системот.

СМАРТ/МК 2030 не е документ за една институција или една влада. Таа е заедничка обврска – на институциите, приватниот сектор, академската заедница и граѓанското општество. Само со партнерство, знаење и доверба можеме да изградиме дигитална држава што ќе биде двигател на економскиот раст и гаранција за подобар квалитет на живот.

Дозволете ми на крајот да упатам и искрена благодарност до министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, за неговиот посветен ангажман и визија во процесот на подготовка и обликување на Националната стратегија за развој на ИКТ – СМАРТ/МК 2030.

Денес ја поставуваме основата. Нашата цел е јасна – паметна, дигитална и правична Македонија до 2030 година. Македонија што гледа напред, што инвестира во знаење, технологија и луѓе. Македонија што гради иднина, а не ја чека.“

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Англичаните му се закануваат на Абрамович:“Парите од продажбата на Челзи да им ги уплатиш на Украинците“!

Следно

Терјаки лосос

Latest from Blog

The Economist MeetUp: The World Ahead 2026 – Конференција што ја обележа годината

Со силни пораки, визионерски дискусии и присуство на најрелевантните носители на одлуки, годинашното издание на The Economist MeetUp: The World Ahead 2026 официјално се заокружи како најпрестижната бизнис и економска конференција одржана

Фото: Сексапилната Џенифер Лопез

Светската музичка ѕвезда и актерка Џенифер Лопез се појави на насловната страница на бројот „The Envelope“ на „Лос Анџелес Тајмс“, посветен на жените во филмот, оставајќи силен впечаток со своите модни избори

Осомничениот за пукањето на Универзитетот Браун пронајден мртов

Осомничениот за масовното пукање минатиот викенд на Универзитетот Браун е мртов, изјави американски адвокат, додека властите истражуваат дали истото лице го убил професорот на Технолошкиот институт во Масачусетс (МИТ) два дена по

Терјаки лосос

Состојки (за 1 лице): 200 грама свеж лосос Маринада: 1 лажичка сусамово масло 1 лажичка кафеав шеќер 2 лажици соја сос 1 лажичка оризов оцет 1 чешне лук (рендан) 1 лажичка рендан
Go toTop