Мицкоски: Барам смена на Љупчо Коцевски, не си ја врши својата работа добро

November 18, 2025
1 min read

Премиерот Христијан Мицкоски во гостување во „Топ тема“ на ТВ Телма се осврна на работата на јавниот обвинител Љупчо Коцевски, потенцирајќи дека ниту тој лично ниту јавноста не е задоволна од неговата работа и логичен слет на настани би било негова смена.

„Кога разговараме и кога ви велам дека не сум задоволен лично јас, но и јавноста од работата на јавниот обвинител, тогаш логичен след на настани после така јавно искажан збор е негова смена, многу јасно“, потенцираше Мицкоски.

Тој исто така додаде дека граѓаните акламативно мислат дека Коцевски не си ја врши својата работа доволно добро, а буџетот кој го добиваат е поголем од 75% од земјите на ЕУ.

„Најголемиот дел од граѓаните, огромен дел, би рекол акламативно мислат дека не си ја врши својата работа доволно добро и ако е политичката цена да ја платам и да бидам повторно дел од извештај во којшто ќе бидам критикуван, а притоа буџетот којшто го добиваат е очигледно поголем од 75% од земјите членки на ЕУ, нивни колеги, тогаш  мислам дека некој треба да си го стави прстот на чело и да размисли што прави“, додаде Мицкоски.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

ПОСЛЕДНИОТ ОБИД ЗА ОДБАРНА НА УСТАВОТ – НА ФИЛМ. Јани Бојаџи за 27 април 2017-та

Следно

Бензема: Ако Перез ме повика назад во Реал, нема да кажам не!

Latest from Blog

Во Србија уапсена група поради фалсификување документи, меѓу нив и полицајци

Според неофицијални информации, меѓу уапсените се двајца полицајци. Се сомнева дека групата заработила повеќе од 132.000 евра со фалсификување документи како сертификати, дипломи од разни средни, високи и високообразовни институции и потврди

ПОСЛЕДНИОТ ОБИД ЗА ОДБАРНА НА УСТАВОТ – НА ФИЛМ. Јани Бојаџи за 27 април 2017-та

Филмот „Утре наутро“ на Јани Бојаџи премиерно ќе биде прикажан утре (19 ноември) во скопското кино Синеплекс. Сценариото, режијата и музиката се на Бојаџи, кој е и продуцент, извршен продуцент е Дејан

Парите мора да се одработат: ОВА СЕ БЛИСКИТЕ ДАТУМИ ЗА НОВ ЈУРИШ НА БЛОКАДЕРИТЕ

Белградски Информер го открива новиот на блокадерите, а како што истакна нивниот главен уредник, клучните датуми се 22 и 27 ноември. Според Вучиќевиќ, Информер повторно имал увид во преписката на блокадите на
Go toTop