Митев: Хановер е тежок ривал, но нема да се откажеме

August 9, 2025
1 min read

Актуелниот освојувачот на ракометниот Европски куп македонскиот тим Алкалоид ги одработува подготовките за новата сезона.

Во ланската еден од најмладите беше Дамјан Митев, а така ќе биде и во претстојната, но тоа нема да биде пречка за него особено што имаше клучни моменти и на важни натпревари.

–  Задоволен сум многу од екипата, имаме добра хемија, се бориме еден за друг, а подготвките течат најдобро. Оваа нова сезона нѐ чека тежок предизвик. Во Лига Европа во квалификациите ќе играме двомеч со бундеслигашот Хановер. Првиот дуел е на гости на 31.август, но ќе се бориме и нема да се откажеме. Седум дена потоа следува реваншот во Скопје и ќе треба да се покажеме во најдобро светло пред нашата публика. Воедно Суперлигата (домашната лига) ќе биде една од посилните и поквалитетна од претходните сезони. Очекуваме високи резултати, изјави Дамјан Митев.

Алкалоид се наоѓа на подготовки во Маврово, а по неколку дена екипата ќе почне и соодигрување на контролни натпревари.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мухамед Муртези предводник на советничката листа на ВРЕДИ во Чаир, Меџити ги демантира обвинувањата за дивоградби

Следно

Волф: Хамилтон е најдобриот на сите времиња

Latest from Blog

Скандал и злосторство: ДЕЦАТА ОД УКРАИНА ЗГРИЖЕНИ ВО ТУРЦИЈА ПОД ТОРТУРА И СИЛУВАЊА

Украина се соочува со нов скандал поврзан со евакуацијата на деца во Турција, како дел од проектот „Детство без војна“. Операцијата започна во март 2022 година по договор меѓу Елена Зеленски и

Нема струја, нема фудбал! (ВИДЕО)

И тоа го има во Србија. Натпреварот од 18-то коло од Српската Суперлига помеѓу играчите на Раднички и Чукарички беше прекинат во 50-тата минута поради прекин на електричната енергија на стадионот „Чаир“

Заврши состанокот на Зеленски со европските лидери – Макрон: Европа има многу „карти во своите раце“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја заврши билатералната средба со британскиот премиер Кир Стармер и ја напушти канцеларијата на британскиот премиер. Украинскиот претседател сега патува за Брисел, каде што ќе се сретне со

Магла на Ѓавато и Пресека, возете внимателно

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради магла има на планинските превои Ѓавато и Пресека. -На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури
Go toTop