Митески: Работиме за граѓаните на Аеродром, наскоро добиваaт мултимедијален центар

September 18, 2025
1 min read

Во рамки на вечерашната емисија „За или против“ на Алфа телевизија, гостуваше градоначалникот на општина Аеродром и кандидат за уште еден мандат, Дејан Митески. Тој нагласи дека останува целосно посветен на развојот на општина Аеродром и најави нови проекти кои ќе бидат претставени во текот на кампањата.

„Програмата ја правевме заедно со граѓаните, одржавме повеќе од 15 средби и илјадници граѓани се приклучија и дадоа свој идеи. Имаме многу интересни проекти кои ќе ги презентираме, ќе слушнат аеродромци, проекти коишто се на нивно барање. Во однос на поддршката од Владата веќе од првиот повик, реализираме, во фаза на реализација, дел се завршени, дел се во завршна фаза, 8 проекти коишто ги добивме со поддршка на Владата“, рече градоначалникот Митески.

Митески истакна дека граѓаните знаат да препознаат искрена посветеност и конкретни дела и додаде дека проектите ќе бидат реални и видливи за граѓаните во Аеродром.

„Во вториот повик веќе сите се тендерирани и многу наскоро ќе отпочнеме со реконструкција на повеќе од 20 улици низ цел Аеродром. Изградба на мултимедијален центар, втора фаза на ОУ „Блаже Конески“ со спортска сала, веќе во завршна фаза тендерот за доградба на ОУ „Гоце Делчев“. Тоа се се проекти коишто ќе ги отпочнеме за многу скоро и ќе бидат реални и ќе бидат видливи за граѓаните“, заклучи Митески.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Бидна и тоа: Мурињо и официјално е нов тренер на Бенфика

Следно

Повеќе од милион луѓе на улиците во Франција, блокирани универзитетите

Latest from Blog

Отстранети мини депонии на повеќе локации низ Битола

ЈКП „Комуналец“ – Битола, во соработка со „Нискоградба“ и ЈП „Стрежево“, изминативе денови започна акција за чистење на диво формирани мини депонии низ повеќе локации во општината. Според надлежните, депониите се резултат

За само 15 минути е распродадена турнејата на Аријана Гранде в о Британија, фановите се налутија

Продажбата започна денеска во 10:00 часот наутро, а веќе во 10:14 часот наутро не беше можно да се најде слободно место на Ticketmaster, и покрај редиците од стотици илјади луѓе, пишува LADbible.

Пронајдена е непроценливата нараквица на фараонот- ја продале во Египет за 4.000 долари и ја стопиле

Нараквицата, украсена со монистра од лапис лазули, му припаѓала на кралот Аменемопе од Третиот преоден период околу 1000 година п.н.е., објави Ројтерс. Нараквицата исчезнала на 9 септември од сеф во лабораторија, што
Go toTop