„Мировна конференција за Украина“ – светските лидери во мисија за крај на војната, Путин вели – ова е фарса

June 15, 2024
2 mins read

Од луксузен ресорт во Швајцарија, светските лидери ќе се обидат да договорат мир во Украина. Два дена, познатото одморалиште Биргеншток над езерото Луцерн, ќе биде центарот на светската политика…Во еден од најамбициозните потфати, стотина претседатели, премиери, директори на глобални институции од Европа, Северна и Јужна Америка, Азија и Блискиот Исток, за време на викендот ќе пробаат да го нацртаат патоказот, чија крајна цел е мир на истокот од Европа и повлекување на руските трупи од Украина.

„Можеби нема да можеме да издејствуваме мир за Украина но барем можеби ќе инспирираме процес кој ќе доведе до траен мир. Ако сакаме да инспирираме процес кој треба да доведе до мир, во некој временски период, ќе мора да се вклучи и Русија, тоа им е јасно на сите. Како меѓународна заедница, можеме да го подготвиме теренот за директни разговори меѓу двете завојувани страни. За тоа сме тука“, вели Виола Амхерд – претседателка на Швајцарија.

На покана на претседателката на Швајцарија, дел од конференцијата е и македонската претседателка Гордана Силјановска Давкова..На самитот ќе се дискутира за планот од десет точки предложен од Володимир Зеленски, кој две ипол години од почетокот на инвазијата, се обидува да ја зголеми меѓународна поддршка за земјата…На маса ќе се најде и договорот за извоз на жито, безбедноста на нуклеарните централи, како и размената на воени заробеници..

„Денеска успеавме повторно да покажеме дека заедничките напори можат да запрат војна и да воспостават мир. Се покажа дека светот ја следи таа идеја. Денешниот самит ги преставува сите делови од светот, сите континенти и различни нации“, вели Володимир Зеленски – претседател на Украина.

И покрај амбициозните најави, германскиот канцелар Олаф Шолц не очекува големи промени по самитот.. Се надева дека за време на викендот, барем ќе бидат поставени темелите за понатамошни преговори меѓу Москва и западот…Шолц уште еднаш ги повика сојузниците на Владимир Путин, пред се Кина, која одби да учествува на самитот бидејќи Русија не е поканета, да го искористат своето влијание и да го принудат рускиот претседател да ја повлече војската…

„Ќе се разговара за многу прашања за мирот и безбедноста, но не и за најголемите. Тоа секогаш беше планот. На ова може да се гледа како на младо растение кое треба да се напои, но секако и со перспектива дека од него може да излезе многу повеќе“, вели Олаф Шолц – канцелар на Германија.

За Владимир Путин пак целиот самит е само фарса, обид на западот да се покаже надмоќно пред своите гласачи, но средба која ништо нема да промени на терен….Уште еднаш ги повтори своите услови за крај на војната, односно, откажување на Украина од аспирациите за членство во НАТО и целосно повлекување од четирите региони кои Русија ги анектираше во 2022 година..

 

„Условите се многу едноставни. Штом Киев изјави дека е подготвен за таква одлука и ќе започне со вистинско повлекување на силите од овие региони, а исто така официјално објави дека се откажува од плановите за влез во НАТО, од наша страна, веднаш, буквално во истиот момент ќе стигне наредбата за прекин на огнот и почеток на преговорите. Се разбира, во исто време ќе гарантираме непречено и безбедно повлекување на украинските единици и формации“, вели Владимир Путин – претседател на Русија.

Две ипол години од почетокот на војната, Русија контролира речиси една петтина од територијата на Украина, вклучително и полуостровот крим, кој го анектираа во 2014 година…На фронтот се борат речиси 700 илјади руски војници, 100 илјади повеќе од декември минатата година.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Ердоган: „Нема да дозволиме пред нос да ни се формира терористичка држава“

Следно

ЕВРО2024: Швајцарија ја совлада Унгарија

Latest from Blog

Фото: Пејачка го заборавила брусхалтерот

 Тејана Тејлор неодамна присуствуваше на престижниот настан „Time100 Next“ во Њујорк, каде што ги шокираше сите присутни со голо издание. За оваа пригода, пејачката и глумица одлучила да облече исклучително провокативна и

Куче усмртило бебе старо девет месеци: Полицајците ја опколиле куќата и затекнале вознемирувачки призори

Бебе старо девет месеци загина откако во неделата, во својот дом во Роџиет, на југоистокот на Велс, било нападнато од куче. Весникот „The Sun“ јавува дека полицајци ја опколиле куќата околу 18

Видео: Во Белград уапсен екс кошаркарот Владимир Штимац

Според медиумите, акцијата ја спровеле припадници на Управата за криминалистичка полиција, а тој е приведен, како што пишува Новости, „под сомнение дека повикувал на насилно уривање на уставниот поредок“. UHAPSEN STIMAC pic.twitter.com/k49tMn8uyC

Јовановски најави нова ера за Кичево: Единство, напредок и одговорност

Новиот градоначалник на Кичево, д-р Александар Јовановски, им се заблагодари на граѓаните за, како што рече, историската победа и покажаното единство на изборите. „Почитуван народе, почитувани кичевчани, драги пријатели и познаници –

Солена пита со спанаќ и сирење

Потребни состојки: 3 чаши брашно и малку за посипување 150 грама путер (ладен) 2 јајца 3 лажици ладна вода 1/2 лажичка сол 1 лажичка сушен босилек (или оригано) За Фил: 300 грама
Go toTop