Министерството за култура го објави конкурсот за Град на културата за 2024 година

November 30, 2023
1 min read

Министерството за култура го објави Конкурсот за финансирање проект од национален интерес, манифестација „Град на културата во 2024 година“.

На Конкурсот, чија цел е создавање услови за рамномерен културен развој, достапност на културните вредности за граѓаните, како и заживување на културата на локално ниво, може да учествуваат општините во Република Македонија, со исклучок на Град Скопје, и општините во Градот Скопје.

Пријавувањето се врши со електронско аплицирање на Националниот портал за е-услуги: https://uslugi.gov.mk, почнувајќи од 29.11.2023 г. во 8:00 часот, заклучно со 29.12.2023 г. во 23:55 часот. Техничките упатства и поддршката при регистрирањето и процесот на аплицирање, корисниците ќе може да ги најдат на веб-страницата https://uslugi.gov.mk/frequently-asked-questions.nspx), како и преку контакт-центарот на Националниот портал за е-услуги.

Еден од приоритетите на Министерството за култура е унапредувањето и достапноста на македонската култура, а со проектот „Град на културата“ се зајакнуваат културниот развој и развојот на туризмот на локално ниво, а соработката со локалната самоуправа придонесува за економски и туристички поттик на општините низ државава.

„Град на културата“ во 2023 година беше Крушево, чија комплексна и содржајна програма се одвиваше под мотото „Крушево – жив споменик на културата“. Општина Крушево, во годината кога се одбележа и 120 години од Илинденското востание, пулсираше во ритамот на македонската култура и го промовираше македонскиот идентитет и посебност.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Габриел: Нема билатерален проблем меѓу Софија и Скопје

Следно

(ФОТО) „Флајтрадар24“ ја открива маршрутата на авионот на Лавров преку Турција и Грција до Скопје

Latest from Blog

Трамп: Би сакал да видам обединета Ирска

За време на средбата со ирскиот премиер на имотот Фармли во Даблин, американскиот претседател рече дека обединета Ирска би била „големо признание за сите“. „Како би можело тоа да биде лошо?“, праша

Македонското друштво “Илинден“-Тирана ги осудува обидите на Софија со злоупотреба на здравјето на жителите во областа Преспа

Македонското друштво “Илинден“-Тирана најостро ги осудува обидите на Софија со злоупотреба на здравјето на жителите во областа Преспа. На 11 септември 2026 се направени прегледи од страна на бугарски лекари во државна

Проданоски: ГФК Победа е симбол на нов почеток за прилепскиот спорт

Денес започнува ново поглавје за прилепскиот фудбал, со првиот официјален натпревар на ГФК Победа – Прилеп, порача градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски. Тој изрази поддршка за иницијативата и за сите кои
Go toTop