Милка ја ставиле на диета и ослабела. СЕГА МИЛКА ЌЕОДИ НА СУД!

September 2, 2025
1 min read

Тие тврдат дека на пакувањето на чоколадото Милка нема јасна индикација дека тежината е намалена од 100 на 90 грама. Тужбата е поднесена во Регионалниот суд во Бремен, објавува весникот Велт.

Во оваа прилика, Армин Валет од Хамбуршкиот центар за советување на потрошувачите се огласи и ги повика законодавците „конечно да воспостават обврзувачки прописи за намалување на содржината на пакувањето“.

Монделез ја намали количината на полнење во чоколадите Милка од 100 грама на 90 грама и во исто време ги зголеми некои од цените, за што компанијата беше жестоко критикувана, а во гласањето на организацијата за потрошувачи Фудвоч, чоколадото Милка беше прогласено за „најочигледна рекламна лага на годината“.

Кон средината на јули, компанијата Монделез објави дека цените и трошоците за купување какао низ целиот синџир на снабдување драстично се зголемиле и дека, за да остане конкурентна, компанијата морала да преземе „добро осмислени мерки“ со кои новата тежина на чоколадните плочки е јасно означена на пакувањето и потрошувачите се информирани на социјалните мрежи.

Новото номинално количество на полнење на производот, отпечатено со мали букви на предната страна од пакувањето, лесно се занемарува и често се крие на полиците во супермаркетите.

Пакувањето и дизајнот се идентични, а самото чоколадо незабележливо станало потенко за околу еден милиметар. Потрошувачите на тој начин се заведуваат“, предупредува Хамбуршкиот центар за советување на потрошувачите.

„Монделез“ ги негираше обвинувањата, велејќи дека транспарентноста во односот со потрошувачите е врвен приоритет.

„Јасно ја наведуваме новата тежина на пакувањето на нашите производи“, рече портпаролката на компанијата и повтори дека клиентите биле информирани за сè преку социјалните мрежи.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

ЌЕ ГИ ЗАБРАНАТ МОБИЛНИТЕ ВО ШКОЛО, забраната важи за на час но, и за на одмор

Следно

Вил Смит со урнебесен одговор на обвинувањата дека имал лажна публика на концертите (ВИДЕО)

Latest from Blog

Во кој период од денот жените се најрасположени за секс, а во кој мажите?

Се’ почнува од претпоставката дека сексуалната желба е под влијание на половите хормони кои се ослободуваат во текот на менструалниот циклус. Податоците покажуваат дека слободните жени се поактивни во почетната фаза од

Нема активни пожари, четири под контрола

До 21:00 часот на територија на цела држава нема активни пожари, четири сe под контрола, а 13 се изгаснати, информира вечерва Центарот за управување со кризи (ЦУК). Под контрола се ставени пожарите

Ѓорѓиевски на терен во Аеродром и Лисиче: „Граѓаните ни се најголема инспирација“

Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на општина Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Скопје, денеска ја посети општината Аеродром заедно со идниот градоначалник Дејан Митески и пратеничката Катерина Димитровска. Тројката се сретна со
Go toTop