Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва од 18 часот ќе го одигра пријателскиот натпревар против Летонија, како дел од подготовките пред последниот квалификациски меч со Велс во Кардиф.
Селекторот Благоја Милевски се одлучи за следниот стартен состав:
Димитриевски на голот, во одбраната Ашковски, Серафимов, Стојчевски и Климевски. Средниот ред го сочинуваат Барди, Алими и Костадинов, додека во нападот ќе настапат Ѓурчинов, Растодер и Ристовски.
Овој меч е последна проверка за „црвено-жолтите“ пред решавачките натпревари во квалификациите, а Милевски очекува стабилна игра и уверлива партија против Летонија.


