Мицотакис за железничката несреќа: Како премиер им должам на сите едно големо извинување

March 5, 2023
1 min read

Како премиер им должам на сите, но пред сѐ на роднините на жртвите едно големо извинување. И лично и во името на сите кои со години владееја со државата. Бидејќи, навистина, во Грција во 2023 година не може два воза да се движат во спротивни насоки по иста линија и никој да не го забележи тоа, напиша грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на Фејсбук во однос на железничката несреќа во земјата.

Додаде дека не сакаат и не треба да се скријат зад човечка грешка. Тој истакна дека правдата ќе ја истражи трагедијата, а надлежниот министер ќе соопшти мерки „за итно подобрување на безбедноста на железницата додека да биде ставен во функција системот за дигитална контрола.

Паралелно рече дека ќе им предложи да се обврзат, по изборите, да се формира специјална комисија која ќе ја истражи „болната историја на грчките железници во последните дваесет години“.

Во железничката несреќа што во вторникот вечерта се случи кај месноста Темпи во близина на Лариса, животот го загубија 57 лица.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Утре минусни утрински температури и дожд

Следно

ПМФЛ: Шкендија ремизираше во Штип, Силекс убедлив

Latest from Blog

Трамп изјави дека е подготвен за втората фаза од санкциите против Русија

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека е подготвен да премине на втората фаза од санкциите против Русија, како дел од обидот на Вашингтон да изврши притисок врз Москва да склучи примирје

Омерагиќ: Табелата за Светско првенство, никогаш не изгледала поубаво!

Фудбалската репрезентација на Македонија ја декласира Лихтенштајн со 5-0 во септемврискиот квалификациски натпревар за Светското првенство 2026 и се врати на врвот на табелата во групата. Победата е значајна за националниот тим

Грузија ја декласира Бугарија!

ФОТО: Georgia national football team/FB Во меч од квалификациската група Е, селекцијата на Грузија на свој терен во Тбилиси со 3:0 успеа да слави над Бугарија и со тоа да дојде до

Захарова: Шведска ја изгуби контролата врз безбедноста по влегувањето во НАТО

Нападот врз руската амбасада во Шведска покажува дека земјата ја изгубила контролата врз својата внатрешна и надворешна безбедност по влегувањето во НАТО, изјави денес портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија
Go toTop