Менаџерот на Роналдо: Јамал е играч на сегашноста и иднината

December 29, 2025
1 min read

Познатиот фудбалски агент Хорхе Мендес, кој го застапува Кристијано Роналдо, го изрази своето восхитување кон Ламине Јамал.

„Ламине Јамал е играч на сегашноста и иднината. Има и други, но мислам дека Ламине може да ја освои наградата за најдобар фудбалер во светот неколку пати“, рече Мендес.

Менаџерот брзо го насочи вниманието кон својата татковина:

„Покрај Јамал, има и многу други квалитетни играчи – Витиња, Жоао Невес, Рубен Дијас… Набројувам само играчи од португалската репрезентација, бидејќи за мене ова е најсилниот тим во историјата на португалскиот фудбал.“

Запрашан за очекувањата за тимот за претстојното Светско првенство, агентот не го криеше својот оптимизам.

„Ова е единствена можност. Ги имаме најдобрите на секоја позиција. Рубен Дијас е најдобриот централен дефанзивец во моментов, Кансело е најдобриот бек во светот, а Витиња и Жоао Невес го формираат најдобриот среден ред. Имаме сè, а покрај тоа го имаме и Кристијано Роналдо – најголемиот во историјата. Сигурен сум дека ми недостасува некој“, заклучи Мендес.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Путер Божиќни колачиња

Следно

ДРЕВЕН КИНЕСКИ ЧАЈ ШТО ГО ЗАЈАКНУВА ИМУНИТЕТОТ, го забрзува метаболизмот и ги елиминира токсините

Latest from Blog

Зеленски е подготвен да разговара со Путин во кој било формат, но има еден услов

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека е подготвен да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин во кој било формат, но дека за тоа е потребно „зборовите и делата“ на рускиот

Зошто патничките авиони се бели?

Секоја авиокомпанија има свој уникатен дизајн, но повеќето авиони се бели. Всушност, постојат повеќе причини за оваа практика. Бојата на авионот, на пример му додава меѓу 272 и 544 килограми на вкупната

Коњановски ги демантира тврдењата на опозицијата: Нема мигранти во Битола

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска од советничката говорница го осуди обидот на опозицијата за лажна кампања поврзана со наводно прифаќање мигранти на територијата на Општина Битола. „Како градоначалник ја осудувам манипулацијата

Бојкоски: Одлуките ги носиме во интерес на Битолчани, не за политички поени

Претседателот на Советот на Општина Битола, Бојан Бојкоски, реагираше по денешната седница на Советот, обвинувајќи ги опозициските советници за обид за политичка манипулација преку, како што рече, незаконски предложени точки на дневниот
Go toTop