Меморија го отвора Ohrid Wine Festival Vol. 5 на 25 јуни

June 2, 2026
1 min read

Култната македонска група Меморија ќе го отвори годинашното издание на Ohrid Wine Festival Vol. 5. Бендот ќе настапи на 25 јуни на сцената поставена на охридскиот кеј, како дел од музичката програма што ќе се одвива во текот на трите фестивалски вечери.

Со добро познатите песни и препознатливиот звук, Меморија ќе донесе вечер со емоција, добра енергија и рефрени што публиката ги пее заедно. Нивниот настап ќе биде дел од винската приказна која од 25 до 27 јуни ќе ги спои музиката, виното и охридската езерска магија.

„Постојат песни што не стареат и концерти што се доживуваат заедно. Токму таква вечер ја очекува публиката на 25 јуни на охридскиот кеј“, порачуваат организаторите.

Меморија е дел од музичката програма на петтото издание на фестивалот, а во периодот што следува ќе бидат најавени и останатите учесници.

Ohrid Wine Festival Vol. 5 ќе се одржи од 25 до 27 јуни на охридскиот кеј.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Николоски: Продолжува експанзијата на авиосообраќајот од Скопје и Охрид

Latest from Blog

Николоски: Продолжува експанзијата на авиосообраќајот од Скопје и Охрид

Македонија во следните неколку недели ќе добие пет нови авиолинии од аеродромите во Скопје и Охрид, со што дополнително ќе се прошири мрежата на воздушни врски со европските дестинации, најави вицепремиерот и

Почнуваат градежни работи на улицата „Браќа Џаферови“, возилата да се отстранат навреме

Почнува изградба на коловоз и паркинг на улицата „Браќа Џаферови“ во Битола Од Општина Битола информираат дека од утре, 3 јуни 2026 година, ќе започнат подготвителните активности за изградба на коловоз и

Нови документи за случајот Епштајн: Како бил поставен Манделсон за британски амбасадор во САД

Британската влада објави втора серија документи за назначувањето на поранешниот пратеник Питер Манделсон за амбасадор во Вашингтон, откако неговата кандидатура покрена прашања за проценката на британскиот премиер Кир Стармер за врските на
Go toTop