Медитеранско пилешко во кремаст сос од лимон и босилек

October 21, 2025
1 min read

Ова медитеранска комбинација на вкусови ќе ве освои со свежината на лимонот, аромата на босилекот и кремастиот сос што совршено го надополнува сочното пилешко месо. Лесно се приготвува, а впечатокот што го остава – е феноменален.

Состојки:

  • 500 грама пилешки стек (пилешко филе)
  • 1 лажица маслиново масло
  • 2 чешниња лук (ситно сечкан)
  • 200 мл неутрална павлака за готвење
  • Сок и кора од 1 лимон
  • Една рака свеж босилек (или 1 лажичка сув)
  • Сол и бибер по вкус
  • 1 лажичка мед
  • 1 лажица пармезан (по желба)

Подготовка:

Пилешкото месо исечете го на тенки шницли, посолете и побиберете.
Загрејте маслиново масло во тава и пржете го месото од двете страни додека не добие златна боја. Извадете го и оставете го на страна.
Во истата тава додадете го лукот и кратко пропржете (внимавајте да не загори).
Додадете ја павлаката за готвење, сокот и кората од лимонот, како и медот. Измешајте.
Вратете го пилешкото во тавата, додадете го босилекот и гответе 5–7 минути на тивок оган.
По желба, додадете пармезан за побогат и погуст сос.

Послужување:
Послужете го јадењето со варен ориз, тестенини или пире од компири. Декорирајте со парче лимон за елегантен изглед и листови бослок или магдонос.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Кочанско-ПОДРУМСКИ-тајни СРЕДБИ?!

Следно

Квалитетот на воздухот во Њу Делхи достигна опасно ниво по огнометите за фестивалот!

Latest from Blog

Go toTop