Меџити: За хаосот со отпадот во Скопје, одговорност ќе понесат ДУИ, Данела и Левица

October 21, 2025
1 min read

Првиот вицепремиер и воедно новоизбран градоначалник на Општина Чаир од редовите на владината коалиција ВЛЕН, Изет Меџити, остро реагираше на тешката состојба со отпадот што го има зафатено главниот град, нарекувајќи го Скопје „огледало на институционалната неодговорност“.

Според Меџити, градот е доведен во алармантна состојба, со улици, маала и јавни површини преполни со отпад, поради несоодветното управување на Јавното претпријатие „Комунална хигиена – Скопје“, кое, како што истакна тој, моментално е под раководство на коалицијата ДУИ – Данела – Левица.

„Управувањето со комуналниот отпад во Скопје стана симбол на хаос и нечистотија. Тие имаат директна одговорност за состојбата што го зафати градот,“напиша Меџити на својот профил на Фејсбук.

Во својата реакција, Меџити исто така информираше дека Владата на Република Северна Македонија наредила вонреден надзор врз начинот на собирање и транспорт на отпадот на територијата на Град Скопје, поради ризикот што оваа состојба го претставува за јавното здравје.

Тој додаде дека ќе се спроведе и детална контрола врз работата на „Комунална хигиена – Скопје“, а најави и дека многу скоро ќе се преземат конкретни мерки за чистење на градот.

„Нема да стоиме со скрстени раце. Многу скоро ќе преземеме целосна акција за чистење на градот, затоа што граѓаните на Скопје заслужуваат чистота, достоинство и администрација што работи за нив,“ заврши Меџити.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Авион во САД изврши принудно слетување: „Слушнавме тропање на вратата од пилотската кабина“

Следно

Лукровски: Карпош ќе се развива плански, ќе се формира „Карпош план“

Latest from Blog

Ужас во Бугарија: Маж ја убил тетката, мајката и сестрата, па ја запалил куќата- 7- годишниот брат едвај се спасил

Несреќата се случила околу 4 часот наутро, објави Новините. Според прелиминарните извештаи, осомничениот ја застрелал својата 73-годишна тетка, 47-годишната мајка, 13-годишната сестра и 7-годишниот брат. И покрај повредите, момчето успеало да избега

Ѓорѓиевски им се заблагодари на аеродромци: Вашата поддршка ми дава сила

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вечерва се сретна со жителите на општина Аеродром, изразувајќи благодарност за силната поддршка што ја доби во првиот изборен круг. „Вечерва сум меѓу моите
Go toTop