Вицепремиерот и кандидат за градоначалник на Чаир, Изет Меџити, денес го посети женскиот ракометен клуб WHC Чаир, еден од најуспешните спортски колективи во земјата и редовен учесник на меѓународни натпреварувања.

Клубот, кој функционира под раководство на претседателката Семија Ислами и со професионалната работа на тренерот Басри Латифи, изгради препознатлив имиџ на успех и гордост за општината Чаир. Нивниот ангажман не се огледува само во постигнатите резултати, туку и во создавањето на Академија во која повеќе од 120 деца секојдневно тренираат и се развиваат во идни спортски ѕвезди.

„WHC Чаир е доказ дека општината има огромен потенцијал, енергија и млади кои заслужуваат поддршка. Нашата определба е јасна – ќе создадеме подобри услови за спортот, ќе инвестираме во клубовите и спортските академии, и ќе ја засилиме улогата на младите во општествениот живот,“ истакна Меџити.

Тој им се заблагодари на раководството и тренерскиот тим за исклучителната работа и порача дека Чаир ќе продолжи да инвестира во спортот како двигател на здрави генерации и локална гордост