Скопје, 3 септември 2025 – Првиот заменик-претседател на Владата и кандидат на ВЛЕН за градоначалник на Чаир, Изет Меџити, изнесе нова сериозна обвинение против претседателот на ДУИ, Али Ахмети.
Во интервју за весникот Лајм, Меџити изјави дека во времето на бегството на поранешниот премиер Никола Груевски од земјата, полицијата го задржала автомобилот на Ахмети во полициска станица цели 24 часа, бидејќи постоело сомнение дека Груевски можел да го користи за бегство.
„Автомобилот на Али Ахмети остана еден ден во полициска станица, бидејќи се сомневаа дека Груевски можел да избега со него. Ова е вистина што многу наскоро ќе излезе целосно пред јавноста“, изјави Мехџити.
Според него, овој случај е еден од најскандалозните што го покажуваат сомнителното поврзување на тогашната власт со бегството на Груевски во Будимпешта и дека граѓаните заслужуваат да дознаат што се случило зад сцената.