Градоначалникот на Општина Чаир Изет Меџити денеска во населбата Топана, заедно со директорот на ЈП „Комунална Хигиена“ Драги Митковски, промовираше нов проект за унапредување на урбаната хигиена преку поставување на подземни контејнери, кој ќе се реализира на целата територија на општината.

Според Меџити, станува збор за современо решение кое ќе донесе видливи и конкретни подобрувања во чистотата, редот и квалитетот на живот на граѓаните.
„Ова значи помалку отпад на улиците, помалку неред и повеќе хигиена за секое семејство. Отпадот ќе се чува под земја, далеку од погледот и непријатните мириси, додека јавниот простор ќе биде поуреден и пофункционален“, изјави Меџити.

Тој посочи дека системот овозможува почиста и побезбедна животна средина, а истовремено се ослободува и дополнителен простор на улиците.
Досега се поставени подземни контејнери на пет локации, при што секоја располага со по три контејнери. Денеска е поставен шестиот пункт, со што вкупниот број достигнува 15 подземни контејнери.
Планот на општината е до крајот на годината системот да биде поставен на 15 локации, со над 50 подземни контејнери во функција на граѓаните.
Меџити нагласи дека Чаир добива нов лик и се движи кон европски стандарди, со инвестиции кои носат конкретни резултати.
„Ова е грижа за животната средина, здравјето и квалитетот на живот на граѓаните“, истакна Меџити.

