Меџити: Почнува реконструкцијата што ќе ја разубави Старата чаршија

April 14, 2026
1 min read

Општина Чаир денеска официјално ќе го означи почетокот на реконструкцијата на улицата „Самарџиска“, како и на уште пет помали улици во Старата скопска чаршија – еден од најзначајните културно-историски локалитети во главниот град.

Настанот е закажан за претпладне, а на него се очекува обраќање на градоначалникот Изет Меџити, кој ќе ги презентира клучните аспекти на проектот и неговото значење за локалната заедница и зачувувањето на културното наследство.

Улицата „Самарџиска“, која некогаш била срцето на занаетчискиот живот во чаршијата, по повеќе од половина век без посериозни интервенции, ќе добие целосна реконструкција на површина од 1.567 квадратни метри.

Проектот предвидува враќање на автентичниот изглед преку поставување калдрма од природен камен – травертин, со што ќе се задржи историскиот дух на просторот, но и ќе се обезбеди долготрајна издржливост.

Паралелно со обновата на улиците, ќе се спроведе и модернизација на подземната инфраструктура, што вклучува поставување оптичка мрежа, нов водоводен и канализациски систем, како и обновување на електричната мрежа – зафати кои не биле реализирани со децении.

Во рамки на проектот ќе се постави и ново улично осветлување во традиционален стил, урбана опрема како клупи и корпи за отпадоци, со цел просторот да стане пофункционален, но и поатрактивен за граѓаните и туристите.
Вкупната инвестиција изнесува 28,7 милиони денари, а од Општина Чаир велат дека ова е значаен чекор кон заштита, оживување и современо уредување на Старата чаршија, која претставува еден од највредните симболи на Скопје.

Со реализацијата на овој проект се очекува да се подобрат условите за движење, да се зголеми туристичката привлечност и да се врати сјајот на еден од најавтентичните урбани простори во земјата.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Коњановски: Битола продолжува да создава врвни културни настани

Следно

Божиновска: Македонија тргнува кон силен раст на обновливите извори

Latest from Blog

Се намалуваат цените на бензините и на дизел горивото од вечерва на полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во

ЛШ – 1/4 финале: Јамал и Барса посакуваат чудо, на „Енфилд“ се верува во сензација! (ФОТО)

ФОТО:facebook.com/fcbarcelona/ Вечерва во стандарниот термин од 21 часот се играат првите два реванш меча од 1/4 финалето во Лигата на Шампионите. Во Мадрид на “Метрополитано“ домашниот состав на Атлетико Мадрид има шанса

Коњановски: Битола влегува во силна градежна и инфраструктурна офанзива

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, во интервју за емисијата „Студио 10“ на Телевизија 24 истакна дека во градот се спроведува интензивна градежна и инфраструктурна офанзива со цел решавање на долгогодишни проблеми на

Промоција на вториот том „Македонци“ од д-р Светозаревиќ вечерва во Скопје

Вториот том од книгата „Македонци“ на Бранислав Светозаревиќ, насловен „Сведоштва за идентитетското име и јазикот (1453-1944)“, вечерва ќе биде промовиран во Музејот на македонската борба за самостојност со почеток во 19 часот.
Go toTop