Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, истакна дека успешноста на една општина не се мери само со инфраструктурни проекти и инвестиции, туку и со грижата за луѓето и развојот на солидарноста.
Во таа насока, Меџити оствари средба со раководството на хуманитарната организација „Калири и Мересиа“ од Скопје. На средбата се разговараше за поддршката што организацијата ѝ ја нуди на семејствата во потреба и за значењето на институционалната соработка за претворање на солидарноста во конкретна помош за граѓаните и најранливите групи.
Меџити потенцира дека Општина Чаир останува отворена за сите иницијативи кои промовираат хуманост и општествена одговорност.


