Меџити: Градежните активности во Стар Чаир се доказ за почетокот на нова ера на развој!

October 21, 2025
1 min read

Новоизбраниот градоначалник на Општина Чаир од редовите на владината коалиција ВЛЕН, Изет Меџити, ја продолжува работата на терен, покажувајќи ја својата посветеност за развој на општината.

Во објава на „Фејсбук“, Меџити истакна дека градежните активности во Стар Чаир се одвиваат со силен интензитет, а секој сегмент од изградбата на улиците се реализира според највисоките стандарди на квалитет и современа инфраструктура.

„Со голем интензитет и целосна посветеност продолжува изградбата на улиците во Стар Чаир. Секојдневно се работи по план и со одговорност, за Чаир да го добие развојот што го заслужува. Уредна и достојна општина за нашите граѓани!“, напиша Межити.

Според градоначалникот Изет Меџити, на овој начин се исполнуваат ветувањата дадени во изборната кампања, поставувајќи го Чаир на патот на урбана трансформација и одржлив развој. Граѓаните веќе одблиску ги гледаат првите резултати од едно владеење со визија, посветеност и транспарентност.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Интензивни активности во Чаир – Меџити гарантира развој и модерни инфраструктурни решенија

Следно

Утре дожд, викендов засилен ветер

Latest from Blog

Американските акции пораснаа поттикнати од добрите извештаи за профитот од Кока-Кола и други

Американските акции пораснаа на отворањето денес, поттикнати од добрите извештаи за профит од компании како што се Кока-Кола и 3М. Вредноста на берзанскиот индекс Дау Џонс се зголеми за околу 401 поен,

Македонците во Холандија добија свој православен храм

На 15 октомври 2025 година, Македонската православна црковна општина „Свети Стефан“ во Утрехт, Холандија, официјално се стекна со сопствен црковен објект и придружен простор. Купопродажниот договор беше потпишан со благослов на надлежниот

Лукровски: Карпош ќе се развива плански, ќе се формира „Карпош план“

„Со моето избирање за градоначалник ќе престане бетонизацијата во Карпош“, истакна Сотир Лукровски, кандидат за градоначалник на општина Карпош од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, во вечерашната емисија „За или против“ на Алфа телевизија.

Меџити: За хаосот со отпадот во Скопје, одговорност ќе понесат ДУИ, Данела и Левица

Првиот вицепремиер и воедно новоизбран градоначалник на Општина Чаир од редовите на владината коалиција ВЛЕН, Изет Меџити, остро реагираше на тешката состојба со отпадот што го има зафатено главниот град, нарекувајќи го
Go toTop