Меџити: Да ја зајакнеме врската со САД и влијанието на албанската дијаспора

September 25, 2026
1 min read

Градоначалникот на Општина Чаир и копретседател на политичката партија ВЛЕН, Изет Меџити, присуствуваше на Гала-вечерта на Советот за албанско-американски односи во Њујорк, посветена на зајакнувањето на врските меѓу албанската заедница и САД.

Меџити посочи дека Советот претставува организиран глас на албанско-американската заедница и дека преку соработката со американските институции и Конгресот се застапува за прашања што ги засегаат Албанците во Косово, Македонија, Албанија и поширокиот регион.

Според него, поддршката од САД за мирот, стабилноста, демократијата и унапредувањето на правата на Албанците во регионот има особено значење.

„За нас Албанците, оваа врска има посебно значење. Во моментите кога на Албанците им биле потребни силни пријатели, ги имавме во Вашингтон“, истакна Меџити.

Тој нагласи дека албанската дијаспора во САД во изминатите години постигнала значајни успеси во бизнисот, дипломатијата, различни професии и јавниот живот, оценувајќи дека нејзината организираност и влијание претставуваат важен потенцијал за Албанците во целиот регион.

Меџити оцени дека односите со САД се една од најзначајните стратешки врски што Албанците ги изградиле во изминатите децении.

„Нашата задача е да го зачуваме и зајакнеме ова пријателство, а потенцијалот на нашата дијаспора да го претвориме во поголема застапеност, соработка и поддршка за Албанците во Македонија, Косово, Албанија и каде и да живеат“, порача Меџити.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Општина Битола: Еден ден, 15 организации и бројни можности за вклучување

Latest from Blog

Видео-фото: Трамп и Си Џинпинг испратија пораки за подобрување на односите меѓу САД и Кина

Двајцата лидери разговарале за трговијата, технологијата, вештачката интелигенција и стратешкото ривалство меѓу двете најголеми светски економии. Трамп на свечената вечера во Белата куќа оцени дека, и покрај различните политички системи, врските меѓу

АБТЦ и „Тиквеш“ меѓу гостите на престижниот годишен ручек на Трговската комора на Илиноис во Америка

Американскиот Балкански Трговски Центар (АБТЦ) и винарската визба „Тиквеш“ беа меѓу гостите на овогодинешниот престижен годишен ручек организиран од Трговската комора на Илиноис, на кој присуствуваа претставници на водечки компании во државата,

Далиќ започна на блескав начин како селектор на ОАЕ

По речиси една деценија брилијантно водење на хрватската репрезентација, Златко Далиќ одлучи да замине во Азија, каде што ја презеде селекцијата на Обединетите Арапски Емирати. Синоќа тој дебитираше за новата репрезентација и
Go toTop