Христос Ставрианидис (61) ја снимил средбата со мечката во јуни оваа година додека шетал низ шумата со својот пријател Димитриос во Драма, Грција.
Снимката од 49 секунди прикажува кафеава мечка како се појавува на патека и се упатува кон нив. Неколку моменти подоцна, Христос паднал од карпата, врескајќи, додека неговиот пријател гледал.
Снимката ја покажува мечката како ги следи, додека се слушаат гласовите на неговите пријатели. Со нив било и куче, кое почнало да лае, а во еден момент се слуша прскање, веројатно за да го исплаши животното.
Внимавајте, снимката е вознемирувачка!
Во следниот момент, пред Христос да падне во бездната, се слуша кашлица, заедно со врескање и повик.
Нападот на мечката се случил во јуни оваа година, но снимката е објавена дури сега.
Видеото става крај на шпекулациите за нападот од 10 јуни, потврдувајќи за прв пат низата настани што доведоа до трагедијата, објави Дејли Меил.
Димитри претходно изјавил дека ја извадил својата кутија со спреј и успеал да избега, но мечката потоа го нападнала неговиот пријател. Тој рече дека мечката се приближила кон него и го шутнала.
„Го турна, или со нозете или со телото, во секој случај, го удри и си замина како да не постои. Мислам дека го турна“, рече тој.
Ставрос бил погребан четири дена по нападот. Форензички извештај потврдиле дека починал од пад.
Извор: vecer.mk