Мечка ги нападнала спасувачи кои трагаат по загубено девојче во БиХ

February 22, 2023
1 min read

Членови на Планинарската спасувачка служба Горњи Вакуф – ловџии и мештани веќе втор ден трагаат по 15-годишната Е.Р. која исчезна вчера во попладневните часови во областа Бистричка Рика во Босна и Херцеговина.

Потрагата траела до доцна синоќа, а вчера наутро продолжила пришто влучени биле десетина лица.

Според информациите на локалниот портал GornjiVakuf.com, групата била нападната од мечка додека го пребарувала теренот, но за среќа нема повредени.

Девојчето последен пат било видено завчера околу 14:30 часот на патот Горњи Вакуф – Нови Травник, а претходно влегло во продавница од каде купило сок. Таа носела црна јакна, црвен ранец, црни панталони и бели патики. Станува збор за девоче со тешкотии во развојот.

Портпаролот на Министерството за внатрешни работи на Централниот босански кантон Хасан Хоџиќ изјави дека полицијата е запознаена со исчезнувањето на девојчето и ги презема сите мерки за нејзино пронаоѓање.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Беџети: Груби да си поднесе оставка, сè што прави тој е личен протагонизам

Следно

ВМРО-ДПМНЕ: Што ти значи татко функционер – синот на Талат Џафери преку ред без завршен факултет положил правосуден и експресно станува обвинител

Latest from Blog

Португалија им дозволи на САД да ја користат базата „Лахес“ на Азорските Острови за време на нападите врз Иран

Португалскиот премиер Луис Монтенегро вчера ја бранеше својата одлука да им дозволи на САД да ја користат воздухопловната база „Лахес“ на португалските Азорски Острови за време на нивната кампања за бомбардирање против

Продолжува сослушувањето на сведоци на рочиштето за „Пулс“

Со сослушување сведоци предложени од Јавното обвинителство денеска во судницата во „Идризово“ продолжува судскиот процес за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. На претходното рочиште пред Судот сведочеа членови на бендот на

Повеќе паралелни постапки – 25 обвинети полицајци во три одвоени процеси за трагедијата во Кочани – судењата се множат, а правдата се комплицира!

Судските процеси поврзани со трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани влегуваат во нова фаза, со повеќе паралелни постапки и вкупно 25 обвинети полициски службеници. Наместо една заедничка постапка, Обвинителството одлучи одговорноста на

Видео: Ирак погоден од прекин на електричната енергија

„Електричната мрежа е целосно исклучена во сите ирачки провинции“, соопшти министерството, според ирачките медиуми. Додаде дека се утврдува причината за прекинот на електричната енергија и дека е започната реставрацијата на електраните и
Go toTop