Мечка четврти пат ограби иста слаткарница

January 16, 2026
1 min read

Мечка по четврти пат ја ограби слаткарницата Глејдс Хоуммејд Кендис  (Glades Homemade Candies) во туристичкиот град Гатлинберг (Тенеси), јавува локалната телевизија Вејт (WATE). Според снимката од надзорната камера, животното ја скршило стаклената врата, ги превртело полиците и извадило надвор садови со благи работи.

Сопствениците велат дека веќе 35 години произведуваат благи производи, но ваквите упади се сериозен проблем. Тие додаваат дека преземале секакви мерки за заштита, вклучувајќи безбедносни брави, контејнери отпорни на мечки и дополнителни безбедносни системи, но тоа не ја спречило мечката да си „касне“ по четврти пат од „слатките“ задоволства.

Случајот е пријавен во Агенцијата за ресурси и диви животни на Тенеси (TВРА), која потврди дека спроведува истрага. Газдите се надеваат дека мечката ќе биде преместена, додавајќи дека го почитуваат локалното диво животинско царство и Националниот парк Големи димни планини.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Николоски: Од март нова авиолинија Охрид – Братислава, ќе ги зголемиме економските и туристички врски меѓу двете земји

Следно

Комерцијална банка и Алкалоид најтргувани, МБИ10 со пад од 0,43%

Latest from Blog

БОЖИНОВСКА: MES Racing е пример за успешна практична едукација

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини оствари работна средба со студентите инженери од проектот „Македонска Формула“. Тимот MES Racing – првиот и единствен македонски Formula Student тим, кој успешно ја претставува

Куќата на „Принцот од Бел-Ер“ оди на продажба

 Имено, извор за списанието „Пипл“ (People) изјави дека легендарното здание во Лос Анџелес, користено за снимањето на американската хумористична ТВ-серија, ќе биде ставено на продажба првпат по 1978 година. Иако приказната се

„ЗЕТ“ генерацијата сè помалку готви – времето и уморот главни виновници

Сè повеќе млади од „ЗЕТ“ генерацијата престануваат да готват и нарачуваат храна или купуваат готови оброци од супермаркет, покажува истражувањето на компанијата за производство и продажба на готова и здрава храна, Мерчант

НИКОЛОСКИ НАЈАВИ НОВА АВИОЛИНИЈА: Од март директен лет Охрид – Братислава

Од март оваа година ќе започне новата авиолинија Охрид – Братислава, која ќе се реализира преку авиокомпанијата „Визер“. Новата линија ќе придонесе за подобра поврзаност меѓу Република Македонија и Република Словачка, како
Go toTop