Односите меѓу Килијан Мбапе и Реал Мадрид сериозно се влошиле во последните денови, а според информациите на шпанските медиуми, францускиот напаѓач веќе донел одлука да го напушти клубот во летото 2027 година.
Причина за незадоволството на Мбапе, меѓу другото, е односот на клубот кон неговата кандидатура за „Златната топка“. Според „Радио Марка“, напаѓачот побарал Реал Мадрид да започне кампања во негова поддршка, но клубот не презел ништо во таа насока.
Шпанскиот новинар Франсоа Гајардо тврди дека Мбапе е разочаран и лут и дека следната дестинација би можела да му биде Премиер лигата. Според него, интерес за Французинот има од неколку англиски клубови, но приоритет на Мбапе е Ливерпул.
Наводно, раководството на клубот од „Енфилд“ веќе контактирало со Фаиза Ламари, мајката и агент на Мбапе.
Сепак, Реал Мадрид нема лесно да се откаже од својата најголема ѕвезда. Договорот на Мбапе истекува во 2029 година, а Флорентино Перез би прифатил продажба само за огромна сума, која би можела да биде рекордна во историјата на фудбалот.
Извор: sportmanija.mk


