Мастерклас на иранскиот режисер Тангшир на „Преку езерото“: Комплицирано е да си режисер со чудно име во Италија

August 11, 2025
1 min read

На фестивалот „Преку езерото“ денеска програмските содржини започнаа со мастерклас на режисерот Милад Тангшир, чиј филм „Било каде и било кога“ ќе биде прикажан вечерва во рамките на долгометражната селекција на фестивалот. Тангшир пред присутните говореше за можноста какво е чувството да се добие можност да се сними филм како доселеник во Европа и со нив сподели лични искуства.

-Немам родна куќа во моментов, Не се чувствувам дома повеќе ниту во Иран, ниту во Италија и барам трето место. Комплицирано е да си режисер со чудно име во Италија. Не живеам во  Рим каде е центарот на филмската индустрија, туку во Торино. Таму завршив филмска школа и моето филмско раскажување е резултат токму на таа школа. Она што вечерва ќе го видите во филмот е она што јас го гледам во Торино, а за жителите тоа е невидливо. Ништо не е измислено во филмот, се е вистински настан и сфатив дека додека работам, особено на документарните филмови, јас сум само некој што е набљудувач и  не смеам и не треба да интервенирам. Голема привилегија е да се има можност да се документира Торино, рече меѓудругото Тангшир.

Тангшир е режисер и поранешен музичар роден во Иран. Роден во Техеран, ја започнал својата уметничка кариера како член на иранската рок-група „Ахора“, со која издал три албуми во текот на 2000-тите. Во 2011 година, Тангшир се преселил во Италија за да продолжи студии по кинематографија на Универзитетот во Торино. Неговите рани кратки филмови, како што се „Раселени“ (2016), кој го истражува балканскиот имиграциски пат, и „13 секунди“ (2018), размислување за последиците од иранскиот земјотрес, беа прикажани и наградени на разни меѓународни фестивали.

Неговиот краток филм за виртуелна реалност „VR Free“ (2019), снимен во затвор во Торино, беше избран за натпревар и на 76-от Филмски фестивал во Венеција и на 42-от Филмски фестивал Санденс. Истата година, неговиот документарец „Ѕвездени работи“ – снимен во Чиле, Јужна Африка и Канарските Острови – премиерно беше прикажан на 37-от Филмски фестивал во Торино.

Тангшир го имаше своето деби наративниот долгометражен филм „Секаде, во секое време“ (2024), кој беше селектиран за Неделата на критичарите на 81-от Филмски фестивал во Венеција и 42-от Меѓународен филмски фестивал во Торонто.

Вечерва во долгометражната селекција ќе биде прокажан филмот „БИЛОКАДЕ И БИЛОКОГА“ во режија на  Милад Тангшир, (Италија), а по проекцијата присутните ќе може да проследат разговор со режисерот.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

КБ и Алкалоид доминираа по промет; МБИ10 благо -0,12 %

Следно

Битола во знакот на „Трчај бе 2025“ – спортска манифестација со битолски шмек

Latest from Blog

Костовски го претстави во 3D проектот за новата модерна поликлиника во Бутел (ВИДЕО)

Општина Бутел влегува во нова ера на здравството! Градоначалникот на Општина Бутел и истовремено кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за втор мандат, Дарко Костовски, во видео изјава го претстави 3D проектот за изградба на

Мицотакис: Сè додека Турција продолжува со „casus belli“, Грција нема да одобри вклучување во програмата САФЕ

Позицијата дека Грција нема да се согласи Турција да биде дел од европската програма САФЕ за финансирање на одбранбени проекти, доколку продолжи со „casus belli“, односно закана за војна, му ја изразил

Погледнете како изгледа официјалната топка за Светското првенство во 2026 година (ВИДЕО)

Фото: ФИФА ФИФА ја претстави официјалната топка за Светското првенство во 2026 година, со малку подобрен зафат, интегриран чип и детали што ги слават трите ко-домаќини: САД, Мексико и Канада. Топката, наречена

Паника во Германија: Аеродромот во Минхен затворен поради појава на сомнителни дронови

Аеродромот во Минхен е повторно отворен утрово откако беше затворен преку ноќ поради сомнителни дронови, јавуваат германските медиуми. Според полицијата, неколку луѓе виделе дронови како летаат над аеродромот во Минхен, пренесува „Тагесау“.
Go toTop