Мануел Ноер испиша историја!(ФОТО)

October 19, 2025
1 min read
ФОТО: FC Bayern München/FB

Синоќа во 113. мега – дерби меѓу Баерн Минхен и Борусија Дортмунд, домашните победија со 2:1. Хари Кејн стана првиот играч во Бундеслигата кој во првите седум кола успеал да дојде до 12 голови. Ова беше седма победа на “баварците“ во Бундеслигата или единаесетта во сите натпреварувања, па така Баерн го израмни рекордот на Дортмунд.

Исто така и голманот на Баерн, Мануел Ноер може да се пофали со исклучителна бројка.

Имено тој со оваа победа дојде до 363 триумф во Бундеслигата што го прави рекордер. Никој друг нема толку победи во историјата на оваа лига.

Баерн Минхен на ова мега – дерби покажа дека оваа сезона и дефинитивно е негова, како таа претходно. Треба да се случи само некоја катаклизма за да Баерн Минхен и оваа година не дојде до титулата.

Страшен е овој Баерн Минхен.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Како да ги загреете стапалата? Наглите временски промени ја носат оваа дилема

Следно

Како се избира градоначалник уште во првиот круг?

Latest from Blog

Фото: Том Хенкс фотографиран во јавен превоз

Славниот оскаровец, мегапопуларниот актер Том Хенкс се возеше со њујоршкото метро и уште еднаш покажа дека е една од најскромните холивудски ѕвезди. Актерот, чие богатство се проценува на 400 милиони долари, беше облечен

Конте: Примивме гол што сами го создадовме

Фото: Наполи Х Антонио Конте направи анализа по поразот од Торино од 1-0 во рамките на седмото коло во Серија А. „Во првото полувреме добро ја движевме топката и создадовме шанси, но

Почина основачката на образовната програма „Еразмус“, Софија Коради

Основачката на образовната програма „Еразмус“ Софија Коради, почина на 91-годишна возраст во Рим, Италија. Позната како Мама Еразмус, Коради испрати милиони млади луѓе да студираат низ Европа. Ја доби престижната американска стипендија

Свадба од соништата се претворила во ужас: Кумот изговорил четири зборови кои сè уништиле

Девојка од регионот ја сподели својата шокантна исповед за свадбата што ја планирала со години, која, тврди таа, засекогаш ја обележал кумот. Целиот свој живот фантазирала за својата свадба од соништата, за

Како се избира градоначалник уште во првиот круг?

Резултатите од првиот круг на локалните изборите се очекуваат околу полноќ, кога ќе се знае колку кандидати успеале да го освојат градоначалничкиот мандат уште во првиот круг од гласањето. Како се победува
Go toTop