Манев: Не потценуваме никого, но и ние ја гледаме нашата шанса

1 min read

Фудбалската репрезентација на Македонија е пред два нови предизвици во Лигата на нации каде играме против Летонија и Ерменија и двата натпревари ги играме на гостински терен.

Во пресрет на натпреварите репрезентативецот Јован Манев  изјави дека никого не потценуваат и веруваат дека во Летонија ќе освојат три бода, а потоа ќе се насочат кон натпреварот со Ерменија.

„Од натпревар во натпревар има разлика. Ние никогаш не потценуваме никого, затоа што во фудбалот не постојат фаворити. Ќе пристапиме максимално во Летонија и ќе ги освоиме трите бода, а потоа сите мисли ќе ги насочиме кон Ерменија“, рече Манев.

Извор: kurir.mk

Претходно

Енсхеде – холандскиот град кој привлекува внимание со својата историја, култура и страст кон фудбалот

Следно

Туркије ќе ги евакуира турските државјани од Либан поради зголемените тензии

Latest from Blog