Малиот монструм не престанува да шокира: Коста бара да го види другарот во кого пукаше

April 23, 2024
1 min read

Десеткратниот убиец Коста Кецмановиќ побарал да го посети во болница тинејџерот во кого пукаше на 3-ти мај во масакрот, иако му бил најдобар пријател, пренесува српска Република.

Лекарите и другите вработени во болницата, но и полицијата која деноноќно го обезбедува Коста, зачудено слушаа што зборува момчето масовен убиец, а тој ги доведе во голема заблуда која и сега ги прогонува.

Подоцна разговарале меѓу себе како ги шокирал и не се сетиле да го прашаат зошто сака да се види со својот пријател и како мисли дека сепак тој би сакал да го посети.

„Што навистина сака од тоа дете?“ – се прашуваат.

-Коста рече едно попладне дека е крајно време да види некој од своите врсници. Праша зошто, кога не го пуштаат да излезе и го држат во болница спротивно на законот, не може да му се јави на пријател да дојде кај него. Го нарече со целото име. Кога го слушнав тоа, се исплашив. Рече дека тоа е негов пријател, но не кажа дека пукал во него на 3-ти мај, иако пред тоа поминале многу време заедно. Неговото семејство добро го знаело Коста, изјавил изворот за српска Република.

Инаку, ова е само едно од низата шокантни барања кои Коста ги искажал во болницата, на Клиниката за неврологија и психијатрија за деца и младинци.

Тој е во таа институција од масакрот во кој уби девет деца и еден училишен чувар. Во истиот крвав поход ранил наставничка и пет други деца. Бидејќи тој имал 13 години за време на злосторството, Коста законски не е одговорен. На неговите родители им се суди во кривична постапка, како и на двете одговорни лица од стрелиштето каде Коста научил да пука.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ССМ повикува на првомајски протест

Следно

УЕФА ги избра судиите за ЕУРО2024

Latest from Blog

Неславен рекорд на Владимир Путин

Јули беше исто така четвртиот најефикасен месец за украинските сили во однос на загубите на руски персонал од почетокот на целосната руска инвазија. Генералштабот на Украина проценува дека вкупните загуби на руски

Официјално: Далиќ е нов селектор на ОАЕ (ВИДЕО)

фото: MugFPL @PandaNoComply (X) Сега е веќе официјално. Она што беше најавено пред неколку недели, денес е официјализирано. Златко Далиќ е новиот тренер на фудбалската репрезентација на Обединетите Арапски Емирати. Денес, фудбалската

Трамп вложува 3 милијарди долари во рударството: САД се враќаат како минерална суперсила

 Од целиот пакет, една милијарда долари ќе биде вложена во проект за ископ на бакар.  Трамп порача дека рударството повторно станува државен приоритет и дека САД сакаат да ја вратат позицијата на
Go toTop