Општина Битола: Второ место на национално ниво за транспарентно и отчетно работење

November 12, 2026
1 min read

Општина Битола го освои второто место меѓу 81 единица на локалната самоуправа во Македонија според Индексот на отворени општини за 2025 година, изработен од Здружението за истражување и анализи „ЗМАИ“. Со освоени 72 од можни 100 поени, Битола се вбројува меѓу најдобро оценетите општини во државата во поглед на транспарентноста, отчетноста и вклучувањето на граѓаните во буџетските процеси.

Индексот го оценува начинот на кој локалните самоуправи ги објавуваат буџетските информации, известуваат за трошењето на јавните средства и овозможуваат учество на граѓаните, вклучително и на маргинализираните групи, во донесувањето одлуки.

Според анализата, просечниот резултат на сите 81 општина изнесува 38,4 поени, што значи дека Битола со своите 72 поени е значително над националниот просек.

 

Високи оценки во четири клучни области

Оценувањето за 2025 година опфаќа четири димензии: транспарентност, отчетност, вклученост и правичност, како и антикорупција.

Во областа на транспарентноста, Општина Битола освоила 73 поени. Овој показател го мери степенот до кој јавноста има пристап до информации за буџетскиот процес, од неговата подготовка и усвојување, до спроведувањето на планираните активности.

За отчетноста, која се однесува на објавувањето информации за резултатите од работата на локалната власт и користењето на буџетските средства, Битола добила 74 поени.

Највисокиот резултат е постигнат во категоријата вклученост и правичност, со 80 поени. Оваа област ги оценува механизмите преку кои граѓаните, особено маргинализираните групи, можат да учествуваат во планирањето и донесувањето буџетски одлуки.

Во делот на антикорупцијата, Општина Битола освоила 60 поени. Оваа категорија ги опфаќа механизмите за спречување корупција, интегритетот во работењето и отчетноста на локалните институции.

Напредок од пет места во однос на претходната година

Од Општина Битола посочуваат дека резултатите претставуваат потврда за континуираните активности насочени кон поголема отвореност и транспарентност во работењето на локалната самоуправа.

Особено значаен е напредокот на националната ранг-листа, каде што Битола се искачила за пет позиции во споредба со претходната година.

Од локалната самоуправа нагласуваат дека транспарентното управување со јавните финансии, навременото информирање на граѓаните и нивното активно вклучување во буџетските процеси остануваат важни приоритети.

Резултатите од Индексот на отворени општини покажуваат дека Битола постигнува натпросечни оценки во сите анализирани области, со најдобар резултат во вклучувањето на граѓаните и правичноста.

Со освоеното второ место, Општина Битола ја подобрува својата позиција меѓу локалните самоуправи во Македонија според критериумите за отвореност на буџетските процеси

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Општина Битола со признание „Младински пријателски град“ за 2026 година

Latest from Blog

Општина Битола со признание „Младински пријателски град“ за 2026 година

Општина Битола е добитник на националното признание „Младински пријателски град“ за Пелагонискиот регион за 2026 година, со што е потврдена нејзината посветеност на унапредувањето на младинските политики и создавањето подобри услови за

Тоневски: Пробиштип продолжува со вложувања во комуналната инфраструктура

Во населбата Драч во селото Ратавица се изведуваат градежни работи за изградба на два канализациски крака, информира градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски. Проектот се финансира со средства од Министерството за транспорт,

Божиновска: Македонија активно ги следи глобалните процеси за енергетска транзиција

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, ќе биде дел од државната делегација на Република Северна Македонија, предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која од 10 до 13 ноември 2026 година

Николоски: Го зајакнуваме стратешкото партнерство со Обединетото Кралство

Заменик  претседателот на Владата, Александар Николоски денеска оствари работна средба со новоименуваната амбасадорка на Обединетото Кралство, Маја Сивањанам. Во фокусот на средбата беше стратешкото партнерство меѓу Македонија и Обединетото Кралство, унапредување на

По примерот на ЕУ и Велика Британија, дали Македонија ќе отвори пат за стратешки рударски проекти?

Велика Британија треба да го следи примерот на Европската Унија и да воведе модел за означување и поддршка на стратешки рударски проекти, оценува парламентарната Комисија за бизнис, иновации, наука и трговија. Во
Go toTop