Македонски Концепт со цврста поддршка за Орце Ѓорѓиевски: време е за стабилно и одговорно Скопје

October 24, 2025
1 min read

Македонски Концепт застанува цврсто зад изборот на Орце Ѓорѓиевски за градоначалник на Град Скопје. Нашата поддршка е резултат на убедувањето дека Скопје заслужува докажан и компетентен кадар, со јасна визија и професионален пристап во управувањето со главниот град.

По години на политички егзибиционизам и импровизација, време е да се стави крај на експериментите со судбината на Скопје. На граѓаните им е потребен стабилен, искусен и проверен градоначалник кој ќе работи за интересите на сите скопјани – без популизам, без партиски калкулации и без лични промоции.

Македонски Концепт верува дека Орце Ѓорѓиевски, како кандидат на нашата коалиција “Твоја Македонија”, е вистинскиот избор за враќање на достоинството, редот и функционалноста во управувањето со Град Скопје.
Време е Скопје повторно да стане модерен, уреден и безбеден европски град.

 

За одговорна власт и реални резултати – Македонски Концепт

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Руски авиони накратко влегле во воздушниот простор на Литванија

Следно

Хидроцентралите – скриената „батерија“ за зелена и конкурентна енергија

Latest from Blog

Припаднички на австралиската армија поднесоа тужба против Владата поради сексуално вознемирување

Жените кои служат во австралиските вооружени сили поведоа колективна тужба против Владата на Австралија во име на сите припаднички на вооружените сили кои биле подложени на сексуален напад, широко распространето вознемирување и

Мицотакис: Во моментов не се исполнети неопходните предуслови за учество на Турција во програмата САФЕ

 Ставот дека Турција во овој момент не ги исполнува предусловите за учество во програмата САФЕ на ЕУ за финансирање на одбранбени проекти, го повтори грчкиот премиер Киријакос Мицотакис доцна синоќа на прес-конференцијата
Go toTop