Македонски Концепт предупредува: Предлогот на Левица е пат кон нови долгови и партиски вработувања

November 28, 2025
1 min read

Македонски Концепт остро реагира на предлог-иницијативата на Левица за формирање на ново јавно претпријатие “Енергија Скопје”, оценувајќи дека станува збор за „повторно оживување на стар социјалистички модел“ кој, според нив, ќе резултира единствено со нови партиски вработувања и финансиски загуби коишто ќе ги покриваат граѓаните.

„Секој предлог за формирање на ново јавно претпријатие е предлог за нов загубар“, стои во реакцијата. Од Македонски Концепт посочуваат дека јавните претпријатија, без разлика на политичкото раководство, со децении работат со загуби кои се покриваат преку пари од даночните обврзници.

Според нив, планот на Левица – Градот Скопје да основа фирма, да се задолжува со кредити и да вработи „армија администратори под превезот на идејата за евтина струја“ – е економски неодржлив и ќе доведе до систем зависен од постојани дотации од буџетот.

 

Од Македонски Концепт нагласуваат дека државата веќе има енергетски компании што работат во загуба и дека „не се потребни нови службени возила, тендери и партиски списоци за вработување“.

Наместо ново јавно претпријатие, тие нудат радикално различен модел кој се темели на пазарни принципи. Во соопштението се издвоени пет столба:

  1. Целосна либерализација на пазарот на електрична енергија за домаќинствата и малите фирми.
  2. Укинување на монополот на нисконапонската мрежа.
  3. Елиминација на административните бариери за фотоволтаици – секој граѓанин да може да произведува и продава струја.
  4. Приватизација на енергетските субјекти наместо формирање нови јавни претпријатија.
  5. Создавање вистинска конкуренција со повеќе снабдувачи.

„Само преку слободен пазар цената на струјата може да падне драстично“, велат од Македонски Концепт, предупредувајќи дека решението на Левица претставува „Југословенска самоуправа 2.0“, додека нивната визија е насочена кон слобода, конкуренција и економска благосостојба.

„Изборот е јасен“, завршува соопштението на Централниот комитет на Македонски Концепт.

Линк до соопштението:https://www.facebook.com/share/p/1C3NhoCNhA/

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Рударството станува геостратегски приоритет во ЕУ, Македонија сѐ уште балансира

Следно

„Комуналец“ почна голема акција за разубавување на центарот на Прилеп

Latest from Blog

Крофнички од тиква

Толку меки со боја на дукат. Состојки: 450 грама излупена тиква (печена) 250 мл млеко 450 грама брашно 20 грама квасец 2 лажици шеќер прстофат сол 50 грама суво грозје (потопете го

Бојковска: Платите на наставниот кадар ќе растат, а науката ќе биде главен приоритет во 2026 година

Кои се главни приоритет во новиот буџет во секторот образование, дали ќе има зголемување на платите на наствниот кадар како и за многу други прашања ја прашавме пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Драгана Бојковска.

Божиновска: Три децении партнерство со УНДП – двигател на клучните реформи во Македонија

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска присуствуваше на одбележувањето на 30-годишнината од присуството на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во Македонија, оценувајќи дека ова партнерство е едно

„Комуналец“ почна голема акција за разубавување на центарот на Прилеп

ЈКП „Комуналец“ – Прилеп започна со активности за хортикултурно преуредување на зеленилото и украсните растенија во околината на Градскиот саат, една од најфреквентните локации во централното градско подрачје. Од претпријатието информираат дека,

Рударството станува геостратегски приоритет во ЕУ, Македонија сѐ уште балансира

Она на што во минатото се гледаше како на „суровинска база“ за технолошки развој, денес во Европската унија е во центарот не само на економските, туку и на стратешките безбедносни политики. Рударството
Go toTop