Македонска пошта: Платите се обезбедени – Штрајкот е политички мотивиран

January 23, 2026
1 min read

„Македонска пошта“ го смета за крајно тенденциозно и несериозно и политички мотивирано организиарањето штрајк во услови кога е обебзедена плата за сите вработени.

Крајно тенденционо и несериозно е органирањето штрајк од страна на еден од Синдикатот на вработените во „Македонска пошта“ во услови кога за сите вработени платата е веќе обезбедена. Од тие причини веруваме дека штрајкот е политички мотивиран, а вработените се манипулирани, со што се нарушува нормалното функционирање на претпријатието – порачуваат од „Македонска пошта“.

Би сакале да потенцираме дека Синдикатот е навремено информиран, уште еднаш потенцираме – навремено информиран – дека проблемот е решен и дека за сите вработени има обезбедено плата. Но во разочарување мораме да констатираме дека вработените се злоупотребени од одредени политички структури кои тенденциозно се обидуваат да го нарушат работењето на „Македонска пошта“ – информираат од претпријатието.

Од таму посочуваат дека се во постојана комуникација и координација со Владата и со „заедничка соработка, во континуитет ги наминуваме сите проблеми што настануваат во тековното работење“.

Залагајќи се за разрешување на сите настанати состојби, упатуваме апел до сите синдикални организации да се вклучат во решавањето на сите предизвици со кои се соочува нашето претпријатие, без да бидат провоцирани и манипулирани. Уште еднаш потенцираме дека „Македонска пошта“ работи со полн капацитет, а во наредниот период ќе работиме на подигнување на ефикасноста на „Македонска пошта“ и услугите кон сите комитенти – потенцираат од „Македонска пошта“.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Божиновска го поздрави стартот на проектот ПУЛС за женско лидерство во енергетиката

Следно

Безбедноста како обврска, не формалност: што покажаа пожарите во Кочани и Кран Монтана

Latest from Blog

Арсенал со 20 милиони евра и дефинитивно тргнува по несудениот македонски репрезентативец!

ФОТО: FK Crvena zvezda/FB Мега – талентот на Ц. Звезда, Василије Костов, иако има само 17 години е пик на речиси сите поголеми клубови во Европа. Несудениот македонски репрезентативец, детето кое по

Божиновска од СЕУ „Михајло Пупин“: Инвестициите во стручното образование се инвестиции во енергетската иднина

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска го посети Средното електротехничко училиште „Михајло Пупин“, каде што се запозна со условите во кои учениците се обучуваат за идните професии во

One Macedonia доби официјална лиценца, со што започнува значаен пресврт во дигиталната иднина на Северна Македонија

(Скопје, 23.01.2026) – One Macedonia, подружница на унгарската 4iG Групација, официјално ја доби националната лиценца за работа како трет мобилен оператор во земјата. Лиценцата денеска свечено беше врачена на церемонија организирана од Агенција за

Во Абу Даби започна трилатерален состанок меѓу Украина, Русија и САД

Трилатерален состанок меѓу Украина, Русија и Соединетите Американски Држави започна во Абу Даби, објави Си-Ен-Ен повикувајќи се на изјава од неименуван извор. Средбата во Абу Даби меѓу американски, украински и руски претставници
Go toTop