„Македоника литера“ ги објави „Клучните концепти во кинеската традиционална медицина“ во два тома

January 10, 2023
3 mins read

„Македоника литера“ неодамна ги публикуваше „Клучните концепти во кинеската традиционална медицина“ во два тома од авторите Ли Џаогуо, Ву Ќинг и Синг Јуруи.

Двата тома даваат сеопфатен преглед на терминологијата во кинеската традиционална медицина. Дефинирани се и објаснети најзначајните концепти во кинеската традиционална медицина. Основните термини се однесуваат на мислата и културата на кинеската традиционална медицина, главно поврзана со есен­­цијата, ќи, теоријата на јин и јанг, петте елементи, висцералното манифестирање, мери­дија­ни­те, етиологијата, патогенезата и терапевтските принци­пи и методи.

Денес кинеската традиционална медицина е најсеопфатниот и најшироко користениот традиционален медицински систем во светот, со најдолга историја, најширо­ка култура, најпрепознатливи ефекти и најбрз развој.

Кинеска традиционална медицина, е класичен медицински систем со кинески карактеристики кои се непосредно интегрирани со астрономијата, геогра­фи­јата и хуманистичките науки. Според традиционалната кинес­ка култура, класична филозофија и хуманистичка мисла, кинеската традиционална медицина, во комбинација со различните филозофски школи и нивните претставници во периодот од времето пред династијата Ќин, па сè до првите години од династијата Хан, како и теориите и практиките на природните и општествените науки, го сочинува уникатниот теоретски систем, начин на мислење, како и методите на дијагноза и третман.

Како што пишува во предговорот, кинеската традиционална медицина многу ја почитува хармоничната коегзистенција на чове­кот и приро­дата. Го истакнува трајното културно наследство, се залага за хармоничен развој меѓу човекот и општеството и отвора широ­ки перспективи за развој на локалната медици­на, за културна дисеминација и за напредок на човековата цивилизација. „Кинеската тради­цио­нална медицина во Кина е репрезентативна одлика на кинеската цивилизација“, која „предизвикува позитивно влијание на напре­до­кот на човеч­ката цивилизација“, „претста­вува комбинација од при­род­ни и хуманистички науки“ и „ги опфаќа длабоките фило­зоф­ски идеи на кинескиот народ.“

Кинеската традиционална медицина е сеопфатeн и широко користен традиционален медицински систем во светот, со долга историја. Се каракте­ри­зира со длабока култура, препознатливи ефекти и брз развој. Уште во периодот пред династијата Ќин, кинеската традиционална медицина посте­пе­но била воведу­ва­на во соседните региони, како што е Корејскиот Полу­остров. За време на династиите Хан и Танг, била однесена  во Јапонија и во југоисточна Азија. По 18 век, таа била вове­де­на во Европа, а во средината на 19 век била нашироко распространета. По 70-тите години на 20 век, кинеската традиционална медицина брзо се прошири низ целиот свет, заедно со успехот на акупунк­турната анестезија, давајќи значителен придонес во развојот на светската медицина и ширењето на кинеската култура. Благодарение на својата напредна теорија, длабоките културни темели, природ­ната тера­пија и неверојатната ефикасност, кинеската традиционална медицина опстанала долг период и сè уште има примена во светот.

Четирите класични дела на кинеската традиционална медицина – Внатрешниот медицински канон на Жолтиот Император, Канонот за тешки прашања, Канонот на богот на земјоделството за лековитите мате­рии, и Трактатот за настинка и разни болести – го претставуваат јадрото на теоријата и методите на кинеската традиционална медицина, но и ја содржат суштината на мислата и на духот на кинеската култура, меѓу кои Внатрешниот медицински канон на Жолтиот Император е најмаркантен пример. Таа го вклу­чу­ва речиси секој аспект на природните науки, опште­стве­ни­те науки, како и јазикот и културата на древна Кина.

Во времето на династиите Хан и Танг, будистите од Сију (западните региони) патувале сè до централна Кина за да го промовираат будизмот, додека во времето на династиите Минг и Ќинг, западните мисионери патувале до Кина за да го шират христијанството. И за едни­те и за другите, медицината била важно средство за придо­бивање јавна поддршка. Како интегрален дел од тради­цио­нал­ната кинеска култура, кинеската традиционална медицина не само што игра важна улога во придобивањето странска поддршка за стимулирање на глобализирањето на кинеската култура, туку и служи како мост за директно распространување и промовирање на тради­­ционалната кинеска култура.

Една карактеристика на кинескиот медицински третман на пациентите со ковид-19 е комбинирањето на традиционалната кинеска медицина и западната медицина. Западната медицина е ефикасна кога ја дознава причината за болеста, додека традиционалната кинеска медицина има поинаков пристап, односно прифаќа терапија базирана на „испитување на симптомите“ на човечките тела. Кога симптомите се исти, терапијата е иста. Ова е причината зошто традиционалната кинеска медицина ги следи принципите на „третман на различни болести со иста терапија“ и „лекување на иста болест со различни терапии“.

 

Првиот том содржи 111 а вториот том 110 најважни концепти во традиционалната кинеска медицина и култура.

Преводот од англиски јазик е на Бојана Богдановска и Славчо Пеев.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Фото: Топанско поле доби нов видиковец

Следно

Првиот американски јуриш на Русија

Latest from Blog

Видео: Разорен земјотрес во Колумбија: Се зголемува бројот на загинати, 20 згради урнати во еден град(Обновено)

Американскиот геолошки институт (USGS) го регистрираше земјотресот во 7:34 часот по локално време. Епицентарот бил во близина на Сан Хозе дел Палмар во департманот Чоко, на длабочина од 107 километри. Според првичните

Во Македонија 13 случаи на Западнонилска треска

Од почетокот на сезоната на комарци, повеќе од 240 случаи на инфекција со Западнонилскиот вирус се регистрирани во седум европски земји, а според податоците од Европскиот центар за превенција и контрола на

Шок за Ханси Флик: Ѕвездата на Барса потешко се повреди, го чека долга пауза

ФОТО: FC Barselona/FB Шок за Ханси Флик на утринскиот тренинг. Фудбалерите на Барселона целосно се подготвуваат за почетокот на новата сезона, а утрово одработија нов тренинг во својот тренинг центар, но заврши

Видео: Разорен земјотрес во Колумбија: Најмалку 20 загинати, 20 згради урнати во еден град

Американскиот геолошки институт (USGS) го регистрираше земјотресот во 7:34 часот по локално време. Епицентарот бил во близина на Сан Хозе дел Палмар во департманот Чоко, на длабочина од 107 километри. Според првичните
Go toTop