Македонската фудбалска репрезентација до 18 години оствари победа од 1:0 против селекцијата на Индонезија на контролниот натпревар одигран во Банско, Бугарија.
Стрелец на единствениот погодок беше Иван Танчев, кој уште во првото полувреме ја затресе мрежата на противникот и го реши натпреварот во корист на Македонија.
Избраниците на селекторот Димитар Капинковски со оваа победа добија дополнителна самодоверба пред следниот контролен меч. На 17 септември (среда) тие ќе ја одмерат силата со Унгарија на тренинг-центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.